БЕРОВО: Започнаа подготовките за нов асфалт на патот до Беровско езеро

Берово, 05.05.2019

Сирачевски
Сирачевски

Со поставување банкини, проширување на места на кои тоа е неопходно заради безбедно одвивање на сообраќајот, изградба на водопропустни канали на посебни места, започнаа подготвителните работи за ставање нов асфалтен слој на патот од Берово до најважната малешевска и регионална туристичка дестинација – Беровско езеро.

-Со асфалтен пат на кој има дупки како кратери не се прави туризам. Затоа ние, туристичките работници кои инвестираме во овој преубав крај, го изразуваме задоволството што, конечно, започна да се средува патната инфраструктура до викенд населбата на Беровско езеро каде има над 150 викендички од кои поголем дел се ставени во туристичката понуда на Малешевијата, вели Славчо Сирачевски, сопственик на туристичкиот убавец Аурора рисорт и спа распослан на брегот од Беровското езеро.

Патот кој се уредува според највисоките стандарди треба да биде готов до крајот на оваа година.

-Малешевијата мора темелот на својот развој да го гледа во туризмот. Покрај Аурора современата туристичка приказна ја надополнуваат и хотелот ВИП кој е исто така дел од туристичката населба како и хотелот Манастир на излезот од Берово кон езерото. Ние само бараме да се продолжи со создавање квалитетна инфраструктура како услов број еден за развој на туризмот. Тоа пак значи и осветлување на туристичката населба која, кога ќе падне мрак, целата е во темница, посочува Сирачевски.

Берово се надеваше на пари од Швајцарската развојна агенција која, преку Источниот плански регион најави вложување на 85.000 швајцарски франци за проект во регионот кој е од пошироко-регионално значење. Но, преку Форумот на заедници кој го организираше ИПР се донессе одлука тие пари да се дадат за реконструкција на ски лифтовите на Пониква кај Кочани.

59673529_2389539727991616_6776998054198247424_nСепак, Берово, за својот туристички равој не се откажува од барање грантови и донации од развиените европски држави наши пријатели, а смета и на финансиска поддршка на Владата.

-Останувам упорни во нашите настојувања да го развиваме туризмот со финансиска поддршка од Владата како и со грантови и донации. Во општината стојат барања на најмалку дваесет инвеститори кои сакаат на државно земјиште да градат хотели и друг вид на угостителски објекти, но и викендици. Во овој атар најголем дел од земјиштето е приватен имот, па многумина од Струмица, Штип, Скопје, Куманово, Делчево, Кочани, Велес преговараат за купување на земја за да можат да градат. Сепак, сите кои се заинтересирани за градба, како и луѓето кои веќе имаат изградено објекти покрај езерото, беа незадоволни од фактот дека до нив се стигнува преку асвалтен пат полн со дупкио, и што населбата е целосно неосветлена. Сега работите тргнаа од мртва точка и се надеваме на многу подобри денови за туризмот во нашите предели, ни изјави Ѓорѓи Пејовски од општина Берово.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе