Етно музичарот Александар Арабаџиев со нов видео запис на Јанино Оро.

Штип, 18.01.2019

Нашиот етно музичар Александар Арабаџиев(The ethno MC) за божиќните празници не почасти со нов видео запис на орото Јанино од неговиот прв албум “Звукот на татковината”.

Видеото е снимано во на повеќе локации во с.Брест, Радовишко во продукција на Киклоп продакшн- Скопје. Со многуте анимации и ефекти во современи компјутерски програми се цели да се доближи традиционалната музика  и инструменти до младите генерации преку еден модерен приказ.

Александар моментално работи и живее во Виена, Австрија каде ги истражува музичките и културните идентитети на балканските заедници, но истовремено работи и на ширење на македонската традиционална музика и игра. Преку курсеви при виенската висока академија VHS  не само македонските иселеници туку и сите австриски граѓани имаат можност да се запознаат со македонската традиционална музичка култура и изучуваат традиционални инструметни ора и песни.

Видео записот можете да  го видите на следниот линк :

Благој Анчев