ЗА ВТОРИ МАЈ У СУТЛАКО

Штип, 26.02.2018

Текст и фото: Зоран Сичев
Текст и фото: Зоран Сичев

Први Мај беше голем празник ,и тоа државен празник. Беше тоа време на еден голем ентузијазам,со познатите пароли ‘’Фабриките на работниците’’ и ‘’Земјата на селаните’’.И се веруваше во подобро утре .. Во Штип традиционално беше за Втори Мај да се оде на најблиското излетничко место ,местото викано Суитлак или по нашки шо би рекле ‘’за втори мај у Сутлако ‘’.

 

Грневи за втори мај у сутлако
Грневи за втори мај у сутлако
Парада за први мај у Штип
Парада за први мај у Штип

 

 

 

 

 

 

Рано насабајле се тргнуваше од дома за да се стаса на време и да се најде поубаво место за седење .Тогај немаше автомобили се одеше пешки или некои одеа со точаците, а имаше некои и со магариња .Се одеше во друштво на роднини ,другари , пријатели и комшии. Чергички,постилки за седење на тревата и за јадење и пиење кој што понел од дома. Додека повозрасните седеа и се замезуваа со по некоја ракиичка, децата беа на лулашките од ортоми закачени на дрвата ,а девојчињата ја играа „Лота жута“….Тука беа и музикантите кои со своите инструменти придонесуваа за подобровање на расположените ,се пееше и се играше цел ден ..

Шалеви ,шијакови и златкови за втори мај у сутлако
Шалеви ,шијакови и златкови за втори мај у сутлако

Морам да напоменам,а се гледа и од старите фотографии,дека порано на излет се одело фамилијарно,баби,дедовци,мајки, татковци,деца,внуци,сите заедно. Во денешно време ,на сликите од Втори мај ретко може да се видат претставници од повеќе генерации на иста фотографија.Едноставно,се гледа дека сега за таа пригода се дружат млади со млади,стари со стари.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе