Штип, 21.10.2017
На 29 октомври во Македонија ќе се прегласува во 35 општини во кои ниту еден кандидат за градоначалник не го доби потребно мнозинство од гласови.Меѓу општините во кои ќе се прегласува е и Штип, каде кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Илчо Захариев има предност од 36 гласови. Но на сите им е јасно, а особено на Илчо Захариев, дека пресвртот не само што е можен, туку е стопроцентно извесен. Таа предност од 36 гласа не само што ќе се стопи, туку и целосно ќе превагне на страната на кандидатот од СДСМ, Благој Бочварски.
Причините се многубројни.
Прво, во првиот круг евидентирани се вкупно 1.141 неважечко ливче. Многу веројатно е дека голем дел од неважечките ливчиња ќе отидат на страната на кандидатот на СДСМ, Благој Бочварски. Оваа претпоставка е веројатна од едноставна причина: имено, ако тие биле задоволни од досегашната работа на Илчо Захариев, веќе ќе го дале гласот за него, и немало да го поништат ливчето, додека пак, сега имаат далеку поголем мотив да го дадат гласот за промена, кога е евидентно дека СДСМ победува во цела Македонија.
Втората причина лежи во фактот дека повеќе од илјада гласови, поточно 624 за Левица плус 536 за независна советничка листа чиј носител е Раман Демиров, или вкупно 1.160 гласови дадени за други политички опции за Советот на општина Штип. За, сега ќе го дадат својот глас за СДСМ и Благој Бочварски. Тоа е повеќе од извесно, не само заради фактот што гласачите на Левица, се политички блиски до СДСМ, туку затоа што и гласовите на граѓаните од ромската заедница природно се приклонуваат кон победниците.
Затоа и ставот прокламиран во насловот е вистинит. Штип, иако има втор круг, иако има двајца кандидати, во суштина има само еден избор. А тоа е избор со кој Штип ќе се приклучи кон победничкот бран и ќе почне да го оди патот на промените. Изборот за Штип е само еден. За среќа, или за жал, тоа сепак е така. Сите здраво-разумски политички анализи покажуваат дека во вториот круг, победата ќе ја однесе Благој Бочварски и СДСМ.