Илизаров во Охрид – Новиков во Москва

Охрид, 3.јули  2017

Сторија:Лекарите од Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“,  спасија двајца Полјаци, применувајќи метод на рускиот академик Гаврил Абрамовиќ Илизаров

– Новинарите од Охрид, завчера известија за тешката сообраќајна незгода, која  се случи  во саботата во 13.30 часот на патот Охрид-Кичево, на самиот излез од Охрид, во која тешко настрадаа едно момче и неговата девојка, и двајцата од Варшава, Полска.

01Истиот ден, за многу кратко време по несреќата,со брза интервенција и добра организација, лекарите од охридската Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“,  спасени беа животите на тешко повредените полски државјани.

Пациентите биле донесени во тешка општа состојба, поради неколку отворени фрактури и сериозни васкуларни повреди на долните екстремитети, по што замногу кратко време се формирани две екипи хирурзи и друг персонал од Специјалната болницата.

Двајцата полски државјани, кои возејќи мотор, доживеаја тешки повреди, во сообраќајка на влезот од Охрид, а во која учествуваше и патничко моторно возило со струшки таблици, сега се  наогаат надвор од животна опасност.

02Во несреќата, имале и доста среќа, затоа што тешката сообраќајка се случи во близина на Специјалната болницата до која повредените со возила на итна медицинска помош,беа однесени во најкусо можно време и во установа од врвни лекари,со долгогодишно искуство за вакви зафати..
Дополнително, откако се довезени до болницата, најитно им е пружена адекватна лекарска помош, по што врз нив се извршени медицински зафати, за што во повеќе прилики се докажале хирурзите и останатиот персонал од оваа реномирана медицинска установа.

Хорург од Болнициата, кој бил дел од првата екипа, за Макфакс, објасни дека многу брго откако повредените се донесени по несреќата, биле формирани два тима во болницата кои истовремено извршиле хируршки зафати врз 30-годишна девојка и 33-годишно момче од Варшава.
Врз двете лица биле извршени по три интервенции кои траеле 6 часа и за среќа имале позитивен резултат. Како што информираат лекарите, во моментов повредените се наоѓаат во стабилна состојба.
Лекарот објаснува дека пациентите биле донесени во тешка општа состојба, поради неколку отворени фрактури и сериозни васкуларни повреди на долните екстремитети.

04Од еден од хирурзите (Александар Стевоски),кој не сакаше да говори повеќе во свое име, припишувајќи им  го успехот на лекартите и другиот медицински персонал од двете интервентни  екипи, дознавме дека девојката била спасена и повредите и биле санирани, по методот на Гавриил Абраамович Илизаров Илизаров, познат руски лекар од советско доба, кој токму во Охрид ја практикуваше методата на продолжување на коските на екстремитетите, тогаш единствен во светот.

И кај двајцата, а особено кај девојката, имало толку испокршени и отворени преломи,  што лекарите се определиле за примена на методот на Илизаров во санирањето на повредите.

Нашиот соговорник вели дека тоа било единствена опција за девојката, бидејќи во било која друга установа, ќе и биле потребни две до три претходни операции – пред конечната, а овдека е се направено во единствен зафат.

03Медицинскиот зафат на  продолжување на екстремитетите, доста болна и нималку наивна операција, според методата на  познатиот руски експерт,  Д-р  академик Гаврил Абрамовиќ Илизаров, кој пред три децении започна да се применува во Охрид, сега се применува и во  Русија.

Процесот на продолжување на коските трае до девет месеци, додека ефектот е до 10 сантиметри продолжување. На нозете се ставаат метални шипки, всушност затегнувачи, кои ги кршат коските и на тој начин доага до продолжување на коскеното и мускулно ткиво.

По стапките на акдемик Илизаров, во Русија тргна хирургот Константин Новиков, кој за прв пат оперирашше 23 годишна Русинка.

Новиков вели дека не се проблем 25-те илјади евра, ниту пак, болната постапка, ако сака некој, од естетски причини, дури и на овој начин,  да си го продолжи растот.

Гаврил Абрамовиќ Илизаров, е професор помедицински науки од 1968 година. Од 1987 година е дописен, а од 1991 година редовен член на Руската академија на науките.

Во 1981 година прогласен е и добива орден Херој на социјалистичкиот труд,  1985 – Заслужен лекар на СССР, во  1965 – Заслужен лекар на РСФСР, 1978 – Лауреат на Ленинова награда.

Во Охрид дојде и почна да оперира во времето на старата гарда ортопеди, како Д-р Мостров, Д-р Гере, Д-р Бахчаванџиев, Д-р Стоилкоски, професор д-р Јордан Камнар и други специјалисти.

Покрај нив, во историјата на оваа болница, но и во медицинската историја воопшто, ќе остане запаметено името на главната сестра-Везирка, која беше “страв и трепет” за перспналот, имаше углед на лекар и раководител. И денеска е поим за медицинска посветеност кон пациентите во Охрид.

-Болницата секогашбила феноменална. Лекарите уште повеќе.Јас таму поминав 15 месеци, во далечната 72/73 година. Тогаш имав 11 години, сега 56, немам никакви последицио од тогашните болести, вели  Елизабета Димевска од Прилеп.

Елизабета ги наведува сите лекари и медицински персонал, посебно главната сестра Везирка, која ја “везела” дисциплината, одговорноста, високиот професионализам.Не случајно, вели, токму тука дојде рускиот академик Илизаров да ја применува методата на продлжување на коски,односно не случајно оваа болница во поранешна Југославија беше одбрана, токму тука, за болните деца, Маршалот, Јосип Броз Тито,  да ги испраќа неговите кошнички со мандарини од островот Ванга на Брионскиот архипелаг.

-И јас добив мандарини за Нова година. Долго време, по деведесеттите години ги посетував докторите, брат Бојан, сестрите Кираца,Винка, Оља, старата негователка Кица и уште многу други. Тие се моите ХЕРОИ, од нив сум спасена, сега имам семејство, сопруг, две деца, сопствена фирма.Според условите кај нас стојам добро – вели Димевска. (Крај)

Веле Митаноски