Илчовиот сурат избркан од пред многу штипски домови

Штип, 28.10.2017

  • Илчо бил и во Селце каде тој загуби во првиот круг, и им се заканил на селаните дека „селото има да го нема“ ако не гласаат за него…Што му рекле некои од селаните би било многу непристојно за јавна објава во сериозен портал, чисто од хгиенски причини…

На еден ден пред вториот круг на избори за градоначалник на Штип Илчо Захариев какко Али Баба, заедно со негата дружина како 40-те разбојници го шпартаат Штип по сите негови населби, маала, улици и улички, мали и поголеми села…За Илчо и дружината нема закони. Не важат! По стоти пат во текот на овие избори за нови локални власти Илчо им влегува на луѓето по домовите, им носи дијазепам, скоприл, енаприл и други лекови за депресија и притисок кои сам им го создаваше, и им нуди меди и млеко во замена за нивниот глас.

(Сликата е превземена од порталот Гласно)

Денеска таа групација која во понеделник ќе мора да си замине од штипската „Бела куќа“, зашто е јасно дека штипјани ќе ја делегитимираат, маршираше од населбата „8 Ноемви“ преку „Сењак“, „Авокоманда“ до „Дузлакот“, а од таму и кон населбата „Баби“. Илчо им го прекинуваше викенд одморот на штипјани, им влетуваше во куќи и станови за време на семејниот ручек, им нудеше злато и сребро, па како младоженец кој ја бара раката на невестата, во замена за лажните ветувања го бараше гласот на полнолетните штипјани. Добар дел од нив, кога му го видоа суратот негов и на неговата разбојничка дружина, му ја треснуваа вратата пред лажливата муцка.

Вчера Захариев бил и во неколку села. Меѓу другите и во Селце. Тоа е селото во кое луѓето немаат вода, продавница,превоз до градот, амбуланта. Немаат ништо што Илчо им го вети пред четири години дека ќе го имаат во годините на неговиот мандат. Иако Селце е едно од поголемите села во општина Штип. Ова е едно од ретките села кои во првиот изборен круг повеќе гласови дадоа за СДСМ и коалицијата. И таму Илчо се распиштолил па работата ја свртел на закани дека ако утре не гласаат за него селото повеќе немало да го има!

А сиромав, уплашен до коска Захариев заборавил на фактот дека Штип него не го сака ни за чувар на било што, а не ли за градоначалник. На неговите закани силно се спротивставиле дел од селаните кои му рекле нешто што еден пристоен поратал каков што е нашиот не може да го објави чисто од хигиенски причини.

На крајот дел од селаните немале друго чаре освен да го замоли Али Баба од Ѕвегор и неговата разбојничка дружина да го напушти селото!