Бугарски „десант“ на Северна Македонија

Скопје

16/03/2021

Владеачката бугарска партија  ГЕРБ, која  негува односи со мафијашките структури во земјата, функционира како картел, а не како политичка партија, пишува Институтот ИФИМЕС од Љубљана.

Редовните парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 4 април и на нив ќе бидат избрани 240 пратеници на Националното собрание според пропорционалниот систем на затворени листи. Вкупниот број на изборни единици е 31, од кои, во зависност од големината на изборната единица, се избираат четири до 16 пратеници. Изборниот праг е 4 отсто.

На претходните избори во Бугарија откриени беа сериозни знаци на манипулација со изборниот список, за изборна измама, масовно купување гласови, нерегистрирани гласачки ливчиња, вработени во (јавни) компании и јавна администрација принудени да гласаат, изменети протоколи за гласање, гласачки ливчиња што беа прогласени за неважечки. итн. Најпознатата изборна измама „патентирана“ во Бугарија е „бугарскиот воз“.

На политичката сцена има постојан конфликт меѓу премиерот Бојко Борисов и бугарскиот претседател Румен Радев и меѓуте две водечки политички партии, владејачката конзервативна ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија) и опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), која го поддржа претседателот Радев на претседателските избори. Бугарија сè уште не е членка на Шенген и еврозоната.Бугарија не беше подготвена за Ковид-19 и тоа дополнително го покажа карактерот на режимот, кој не е подготвен и нема решение за справување со софистицирани закани и опасности како што е пандемијата.

Нови актери на бугарската политичка сцена

Покрај традиционалните ривали ГЕРБ и Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Движењето за права и слободи (ДПС), на политичката сцена се појавија нови актери. Тоа се Демократска Бугарија (ДБ) на Христо Иванов, кој дојде во луксузната резиденција на Ахмед Доган (ДПС), еден од највлијателните луѓе во Бугарија, со спектакуларна акција на црноморскиот брег со двајца политички симпатизери. Целта беше да се сврти вниманието кон незаконски оградениот јавен објект и кон чуварите од државната служба, кои биле незаконски ангажирани таму. Акцијата предизвика масовни протести во Бугарија против корупцијата, олигарсите и владата.

Популарниот музичар Слави Трифонов за прв пат настапува со својата партија Има таков народ (ИТН). Тука е и Маја Манолова со политичкото движење Исправи се. Бг. (ИСМВ). За прв пат на избори излегува и партијата Републиканците за Бугарија (РзБ на Цветан Цветанов, поранешен министер за внатрешни работи и близок соработник на Бојко Борисов.

Аналитичарите сметаат дека ГЕРБ се обидува да ја зачува постојната коалиција со  ВМРО со поддршка на ДПС, која главно ги обединува етничките Турци. Затоа ГЕРБ помага во националистичката реторика на ВМРО и на нејзиниот контроверзен лидер Красимир Каракачанов, кој се бори да го надмине изборниот праг од 4 отсто. Очигледно е дека министерката за надворешни работи Екатерина Захариева (ГЕРБ) е активно оркестрирана од Каракачанов во изливот на национализмот кон соседна Северна Македонија. Бугарскиор „десант“ на Северна Македонија делумно ги врати во игра Борисов и Каракачанов, бидејќи тие беа речиси политички отпишани. Трката помеѓу ГЕРБ и БСП беше изедначена. Коалицискиот капацитет на ДПС, кој е поврзан со мафијашките структури и е близок со ГЕРБ, кој исто така негува односи со овие структури и функционира како картел, а не како политичка партија, ќе биде важен за формирање на новата влада. ДПС има слична улога во политичкиот живот на Бугарија како Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Северна Македонија.

ГЕРБ има ограничени коалициски капацитети бидејќи партијата Демократска Бугарија е против каква било коалиција со политички партии во сегашното Национално собрание – ГЕРБ, БСП, ДПС, Волја и ВМРО. ГЕРБ влезе во предизборна коалиција со десничарската партија СДС (Сојуз на демократски сили). ИТН исто така објави дека нема да влезе во коалиција со ГЕРБ, ДПС и БСП.

Преку ГЕРБ, мафијата е институционален дел од ЕУ

Бојко Борисов отворено изјави дека неговата партија е создадена со финансиска и советодавна поддршка на германските десничарски фондации блиски до Христијанско-демократската унија (ЦДУ). Иако не е недвосмислено прифатен во ЕУ, Борисов сепак ужива поддршка од важни фактори во Европската народна партија (ЕПП) и, иако премолчено, лично од германската канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ). По децениите советска диктатура, наметнати од атеизам и комунистичка пропаганда, нема многу вистински конзервативци во Софија, Будимпешта, Варшава, Прага, Букурешт и други земји во Источна и Централна Европа. Но, такво нешто мораше да се најде во постојната политичка понуда. Европската народна партија (ЕПП) се обиде да најде нови конзервативци во постојната политичка понуда, со цел да има поголем број членови во Европскиот парламент, игнорирајќи го фактот дека ЕУ е изградена врз основа на вредности, а не на бројки. Во Унгарија го најдоа Виктор Орбан, кој премина од класичен либерал и соработник на Џорџ Сорос  во конзервативен демохристијанин. Така е и со поранешниот член на Комунистичката партија на Бугарија, дипломиран на Полициската академија и телохранител, Бојко Борисов, кој стана демохристијанин. Не може да се исклучи можноста тие во меѓувреме навистина да станале побожни христијани и конзервативци, но нивните корени во европскиот демохристијански конзервативизам се крајно плитки. Бидејќи Фидес излезе од ЕПП, при анализата на позицијата на ГЕРБ може да се заклучи дека и тој според вредностите не припаѓа во оваа политичка групација.

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека „мафијата“ ги контролира Владата на Борисов и и политизираното судство во земјата. Државите контролирани од мафијата се лесен плен за руските интереси. Бугарија има хоризонтална мафијашка структура и таквата структура ја комплицира борбата против мафијата.

Аналитичарите сметаат дека проблемот на ЕУ е што мафијата влезе во ЕУ институционално преку ГЕРБ и слични партии, што е загрижувачко. Се поставува прашањето каква е заштитната улога на ЦДУ кон ГЕРБ, особено во однос на криминалот и корупцијата, и дали ова покровителство е последица на вклученоста на преставници на ЦДУ во криминал и корупција? Дали ЦДУ е покровител на криминалот на Бојко Борисов, бидејќи преку бројни скандали се соочува со криминал и корупција во сопствените редови. Постојат уште поголеми грижи во НАТО, бидејќи е познато дека руските служби се длабоко инфилтрирани во безбедносно-разузнавачкиот и одбранбен систем на Бугарија. Затоа, НАТО ќе биде принудено да ги провери доделените безбедносни сертификати во Бугарија, бидејќи значителен број од  персоналот во тој сектор одржуваат неовластени контакти со припадници на руските безбедносни служби, што предизвикува сомневања за можна злоупотреба на информации релевантни за НАТО и генерално ја загрозува безбедноста на земјите членки. Еден дел од ЦДУ/ЦСУ прикриено симпатизира со наследството на поразената идеологија на Втората светска војна и е силно поврзано со политичко-криминалните структури на Балканот. Неодамнешно истражување покажа дека пратеник на ЦДУ во германскиот Бундестаг има годишна плата од 110.000 евра, а во приватниот сектор заработува дополнителни 123.000 евра, што е поврзано со ризици од корупција.

Бугарија е неразделно поврзана со Москва, а нејзиниот паричник со Брисел

Врз основа на договорот меѓу царска Русија и Отоманската империја, Санстефанскиот договор од 1878 година создаде независна Бугарија. На територијата на тогашна Бугарија претежно живеело богомилско, македонско и турско население, над кое подоцна била извршена присилната „бугаризација“ под силен притисок на нововоспоставената држава. Проектот „Голема Бугарија“ исто така произлегува од тој период, кој заживеа во тековната изборна кампања и е изразен со претензии кон територијата на цела Република Северна Македонија, дел од Северна Албанија, Косово и дел од Србија. Бугарија издава бугарски државјанства или пасоши и на Косово, претежно на Горани. Благодарение на нивната географска позиција, односно фактот дека се поблиску до Истанбул и Русија, Бугарите станаа клучен играч и за руската дипломатија на Балканот.

Македонците во Бугарија, иако ги има најмалку 10 отсто, се „заробен“ народ среде ЕУ. Според проценките, повеќе етнички Македонци живеат на територијата на денешна Бугарија отколку во самата Северна Македонија

Русија ја создаде Бугарија и тоа е нераскинлива врска со Москва како противтежа на Кнежевството, подоцна Кралството Србија, кое имаше блиски врски со Австро-унгарската монархија. Аналитичарите сметаат дека е незамисливо тоа што Бугарија има поддршка од дел од ЕУ и од Германија за (организиран) криминал и корупција со фондовите на ЕУ, затоа што Бугарија добива многу повеќе средства од ЕУ отколку што уплаќа во буџетот на ЕУ и живее на трошок на даночните обврзници од развиените земји-членки на ЕУ. Емоционалните врски на Бугарите со Русија сѐ уште се посилни од оние со ЕУ, вклучувајќи ја и Германија.

Бугарски „десант“ на Северна Македонија со пари на ЕУ

Бугарија и Бугарите не можат да бидат горди на својата историја за време на Втората светска војна, бидејќи тие во тоа време беа сојузници со нацистичка Германија. Бугарија никогаш не беше казнета за својот „историски грев“ за време на Втората светска војна, што остави длабоки фрустрации во бугарското општество.

Македонците во Бугарија, иако ги има најмалку 10 отсто, се „заробен“ народ среде ЕУ. Според проценките, повеќе етнички Македонци живеат на територијата на денешна Бугарија отколку во самата Северна Македонија. Бугарските власти, и покрај бројните пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, одбиваат да го регистрираат ОМО „Илинден“ – Пирин, политичка партија што го претставува македонското малцинство во Бугарија, што беше забранета од бугарскиот уставен суд во 2000 година. Оваа забрана е сè уште во сила и покрај одлуката на Европскиот суд за човекови права од 2005 година, според која таа е незаконска. Помеѓу 2001 и 2008 година, бугарските судови отфрлија четири обиди да се регистрира ОМО „Илинден“ – Пирин, а организацијата беше забранета. Бугарските судови, исто така, отфрлија посебни пријави за регистрација на повеќе културни здруженија, кои ја промовираат македонската култура, македонскиот јазик итн. Покрај тоа, бугарските судови негираат постоење на македонска етничка заедница во Бугарија, и покрај фактот дека резултатите од бугарскиот попис покажуваат постоење на луѓе со етнички македонски идентитет. Всушност, Бугарија намерно го исклучи македонското малцинство од опсегот на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства.

Бугарија е нето корисник на фондовите на ЕУ, што значи дека прима повеќе отколку што плаќа во буџетот на ЕУ и живее на сметка на другите развиени земји-членки на ЕУ. Така, во 2018 година Бугарија доби 2,169 милијарди евра од буџетот на ЕУ, додека уплати само 0,487 милијарди евра. Големите проекти во вредност од над 50 милиони евра се поддржани од фондовите на кохезивната политика на ЕУ. Проектите директно им користат на земјите-членки и нивните граѓани создавајќи pодобра инфраструктура, поздрава животна средина, нови работни места и нови деловни можности. Бугарија доби 1,8 милијарди евра од средствата за кохезивна политика во периодот 2014-2020 година. Директно од Европската комисија, Бугарија добива дополнителни милијарди евра годишно преку разни проекти. Фактот дека увозот од Русија е 10 отсто од вкупниот увоз, додека увозот од Германија е 12 отсто, зборува за поврзаноста на Бугарија со Русија. Бугарија добива повеќе од три милијарди евра годишно од ЕУ, приближно еднакво на буџетот на Република Северна Македонија. Загрижувачки е што Бугарија ја финансира својата деструктивна политика во регионот со парите на даночните обврзници на ЕУ.

Додека граѓаните на Бугарија се надеваа на поголема еднаквост и просперитет со доаѓањето на ГЕРБ, тие се здобија со многу поголеми нееднаквости во однос на социјалниот статус и приходот и уставно загарантираните права како што се бесплатно образование, здравствена заштита и пензиско осигурување. Се случи разбивање на илузиите и надежи, кои ја одржуваа нацијата заедно.Во такви околности, сегашните бугарски власти одлучија да ги извезат своите бројни домашни политички проблеми во соседна Северна Македонија. Историските причини и идентитетските прашања се наведени како причини.

Аналитичарите сметаат дека Европскиот парламент (ЕП), преку резолуцијата за владеењето на правото и основните права во Бугарија повикува на ефективна заштита на малцинските права, особено на правото на слобода на изразување и здружување така што ќе се спроведат релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права. Во последниве години се случија голем број инциденти со говор на омраза кон малцинствата, вклучително и од владини министри, а пратеничкиот имунитет беше систематски (погрешно) користен за да се заштитат членовите на бугарското Национално собрание од одговорност за говорот на омразаво  ЕУ, која ја негува различноста на етничките малцинство, смета дека е богатство, за разлика од сегашните власти во Бугарија, кои негираат постоење на етнички Македонци. Затоа, потребно е да се работи на афирмација и политичка застапеност на етничките Македонци што живеат во Бугарија, бидејќи богатството на разновидност ќе отвори нови европски перспективи за Бугарите и Македонците и другите етнички заедници што живеат во тие две земји.

Германија мора да го запре бугарскиот „десант“ на Република Северна Македонија. Бугарија се однесува деструктивно кон соседите и веќе се создава перцепција дека Германија, ЦДУ и канцеларката Меркел се покровители на злосторството на Бојко Борисов

Екстремните реакции на истакнати високи политичари и официјални претставници на бугарската влада претставуваат политика од 19 век, која нема никаква врска со сегашноста и иднината. Поради силните емоции, екстремно популистичката и квази-политика е прифатлива за еден дел од бугарската јавност, а тоа го потврдуваат и  реакциите во голем дел од македонскиот политички спектар. Кој има такви ставови не се препознава себеси во сегашноста, не е во можност да се вклучи vо современите европски трендови и трендови, и веројатно поради некои свои придобивки и привилегии, тој не сака да го стори тоа.

Неверојатно е дека ваквите политички сили, олицетворени во еден дел од македонската опозиција, се многу блиски до бугарските протагонисти, кои инсистирајќи на блокада, го ставаат под огромно прашање процесот на проширување на ЕУ, кој отсекогаш бил одговор на големите кризи во ЕУ. И тоа е историска грешка, измама и еднонасочна улица. Историјата секогаш оди по својот пат и на крајот секогаш ги отфрла ваквите отстапувања, а ваквите струи не можат да се спротивстават на историските трендови, бидејќи македонската држава на крајот ќе стане полноправна членка на ЕУ.

Аналитичарите сметаат дека ЕУ, особено Германија, мора да го запре бугарскиот „десант“ на Република Северна Македонија. Бугарија се однесува деструктивно кон соседите и веќе се создава перцепција дека Германија, ЦДУ и канцеларката Меркел се покровители на злосторството на Бојко Борисов и на општеството и дека одредени членови на ЦДУ се вмешани во злосторството на ГЕРБ. Ова се сестрински партии и ова е сестринско злосторство. ЕУ и германската политика (ЦДУ/ЦСУ) полека го губат кредибилитетот не само затоа што и дозволија на Бугарија да „се изживува“ со  Северна Македонија и што не го исполнија 15-годишното ветување за почеток на преговори по потпишувањето на договорот со Грција за името на земјата, туку и со  своето однесување во Косово, и сè повеќе во Босна и Херцеговина со избрзаната номинација на нивниот кандидат за висок претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит (ЦДУ), на денот на инаугурацијата на новиот американски претседател Џозеф Бајден.

Бугарија покрај тоа подготвува слично сценарио за блокада за Србија на нејзиниот пат кон ЕУ. Ривалството на Бугарија и Србија и успесите што ги постигна Србија под водство на претседателот Александар Вучиќ (СНС) не се гледа со благонаклонетост во Софија, особено што Србија ќе ја достигне Бугарија до крајот на годината во однос на просечната плата, а Србија не е членка на ЕУ и НАТО. Новата американска администрација мора да има предвид дека Бојко Борисов (ГЕРБ) и Еди Рама (ПС) претставуваат дестабилизирачки фактор заедно со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ (ДПС) и се јадрото на политичко-криминалните структури на Балканот.

Аналитичарите сметаат дека Бојко Борисов се обидувал да го одложи решавањето на внатрешната политичка криза во Бугарија до претседателските избори во САД, бидејќи се надевал дека Доналд Трамп ќе добие втор мандат и дека геополитиката ќе биде во негова корист. На сцената сега имаме нарушни односи меѓу Бугарија и САД со новата американска администрација на претседателот Бајден, која има различен поглед и политика кон т.н. Вишеградска група на земји, чиј придружен член е и Бугарија.

Аналитичарите сметаат  дека бугарската блокада на Северна Македонија е причина ЕУ да го преиспита концептот за проширување и да ги прими колективно сите шест земји од Западен Балкан. Нема изговор за тоа, бидејќи во 2004 година 10 земји колективно станаа полноправни членки на ЕУ. Шесте земји од Западен Балкан со вкупно 18 милиони жители не претставуваат ниту половина од населението во Полска. (ИФИМЕС)

(IFEMES e Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии со седиште во Љубљана, Словенија)