КОЧАНИ: Реализирана културна соработка меѓу општините Кочани и Гоце Делчев, Бугарија

Кочани, 31.05.2021

Делегација од Општина Кочани и Центарот за развој на Источниот плански регион викендов реализираа работна посета на Општина Гоце Делчев, Република Бугарија.

Посетата претставува еден дел од културната размена меѓу двете општини, во која беа вклучени Ансамблот за танци, музика и игра „Митко Алексов“ од Кочани и Фоклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, кои со своите настапи беа дел од неколкучасовната програма во Гоце Делчев.

33– Средбата со градоначалникот на Општина Гоце Делчев и со неговиот заменик, Владимир Москов и Валериј Сарандов беше можност да се запознаеме со реализираните проекти со средства од фондовите на Европската Унија и да разговараме за идно заедничко аплицирање со проекти од Програмата за прекугранична соработка. Пренесените искуства од оваа пријателска општина се значајни за надградување на натамошната соработка – соопшти Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Посетата е активност во рамките на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“, финансиран од Европската Унија, во рамките на вториот повик на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, во кој проектни партнери се Центарот за развој на Источниот плански регион и Општина Гоце Делчев. Со овој проект во Кочани е реализирана реконструкцијата на Мултикултурниот центар.

Возвратна посета се очекува во јули, а културните настани се планира да се вклопат во манифестацијата „Петровденски конаци“.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе