КОЧАНИ: Три основни училишта со нови директори

ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с. Оризари

Кочани, 12.01.2018 

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев ги прифати неотповикливите оставки на тројца директори на основни училишта во Кочани и на нивно место именува вршители на должноста.

Благој Давитков, Драги Рашков и Невенка Митева, добија решенија со кои се именувани за вршители на должноста директор на основните училишта „Раде Кратовче“, „Малина Попиванова“ во Кочани и „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари.

Новоименуваните директори доаѓаат на местата на Гордана Манова, Ивица Цимбаљевиќ и Катерина Михајлоска, кои поднесоа неотповикливи оставки на директорските позиции во овие училишта.

Вршителите на должноста директор ќе ги вршат работите до именување на нови директори, а нивните досегашни работни места ќе мируваат за времетраењето на оваа фунција.