Во сабота (07.10.2017) во периодот од 12:00 до 13:00 часот ќе ја организираме втората голема предизборна активност на нашиот Форум на жени СДСМ Бутел – хуманитарна акција за прибирање парична помош за Здружението на самохрани родители „Една може, една прави“ (можно е, ако се доволно големи, собраните средства да бидат донирани и на други здруженија).
Во акцијата ќе учествуваат и жените од Здружението кои изработуваат козметика од природни материјали. Освен нивните производи, треба да се продаваат и производи кои ние ќе ги изработиме. Какви производи ќе продаваме зависи само од нас и од нашите вештини. Притоа, очекуваме посебно да се истакнат нашите членки – кандидатки за советнички .Оние членки кои не ќе можат да изработат нешто, ќе можат да купат производи и на тој начин да придонесат во акцијата (секако, купувањето е опција за сите нас).
На акцијата се добредојдени сите, и жени и мажи. Очекувамe да ни се придружат и некои повисоки функционер(к)и од нашата партија.