Охрид стана град-река

Охрид, 30.05.2017

Силен пороен дожд се истури вечерва, нешто после 18 часот, над Охрид. Како што се гледа од фотографиите, кои ги објавуваме со дозвола на авторите, за десетина минути, дождот улиците ги претвори во реки, при што предизвика потешкотии во сообраќајот, но и сериозни проблеми за граѓаните кои живеат во пониските делови на градот.

OHRID Репортерите на Супер радио и OhridPress регистрираа високо ниво на вода на улиците.

ohrid 3

OHRID 2Забележително беше дека мрежата не може да ја прими водата и беше забележително дека истата се враќа назад на коловозите. Во стариот дел на градот, во најниските делови, угостителските објекти, од надојдената вода,се заштитуваа со вреќи.