“Полни сме со Бугари, за среќа ни дојдоа Србите”!?

Пишува: Веле Митаноски
Пишува: Веле Митаноски

Милан Лазаревиќ е роден белграѓанец. Србин кој живее малку дома, малку во Германија.И секогаш – по малку, во Охрид, неговата “трета дома”. Вљубеник во езерото, старо градската патина, синевините долу и белините – горе на Галичица.

Вели: “Море и планина – одеднаш!”.За да си го гледа градот и од морето, набавил едрилица – цела, ама од три дела! Си ја носи во приватното возило со германска регистрација, застанува кај пристаништето, ја вклопува, весла, ужива, се враќа, ја склопува во возилото…Церемонијалот продолжува со паркирање кај Матлиевци и ручек во некој од рестораните во старото градско јадро.
Милан со сопругата, се големи пријатели на семејството Матлиески: Мојата драга пријателка Цанка и Никола -Пашата, единствениот преостанат од некогашните македонски моќни луге, некои реално блиски, а некои блиски, колку за злоупотреба на “другарот Лазо” (Колишевски)!

“За мртвите се најдобро”, ама едниот од нив (водеше клон на југословенска – српаска фирма во Охрид), ми направи ваква местенка: Ме повика во кабинетот, после претходен договор со секретарката, сопруга на негов вработен, пријател и содружник во ловот. Охриѓани, а не и само тие, ќе “прочитаат” кој е!

Само што влегов, звони телефонот, зирка од врата секретарката и му вели: “Директоре, извинете што ќе ве прекинам, ама – другарот Лазо”! Му покажува на слушалката! Јас си ги собирам парталите да заминам, да ги оставам “во интимата со другарот Лазо”, а овој вели: “Не, не, никако, седи, токму ти сакам да слушаш!?”.

И што слушав: “Да,така, така е другар Лазо,како што вие ќе кажете другар Лазо!?
Пашата беше реално близок со другарот Лазо, реално ги искористи тогашните фондови (ФНП и РФНП), реално на старата градска депонија, пред селото Косел, го направи југословенскиот и европски гигант ЕМО, а депонијата – рајска градина!

Попатно, реално, ја направи и “сателитската” сончева населба, на падините на Петринска планина, покажувајќи им на охридските и македонски архитекти, каде треба, а каде не треба да го шират и должат градот на УНЕСК-У (велеше некогашниот култур – министер Баге-Кобајаге!)

Rеално направи 16 фирми “сестри” – од Кичево, преку Скопје до Белград, реално му беше стопански соработник и другар на големиот Емеринг Блум од Сараево (ТАС), реално охридски ЕМО беше, нога до нога со југословенскиот гигант МИНЕЛ и германски СИМЕНС.

И сето тоа “реално”, отиде во неповрат во нереалната (криминалната) приватизација, на која сега, со Пашата можеме да си “ќаскаме” по кејот, со јад и чемер на душата.
Ако, сепак, останало нешто убаво, се пријателствата и она што денеска го прави Милан, преку лето – Тома Фила, што го направија за Нова Година Србите.

Веќе напишав, едно “внуче” на Зинго (еден од “моќниците на другарот Лазо!”), во својство на директор на хотелот од кратовскиот “велепоседник” во Охрид, даде (и опстана жив!) ваква, јавна изјава на ТВ: “Полн и сме со Бугари, за среќа ни дојдоа Србите!?