По кој пат се вози Илија Димовски?

Штип, 23.02.2017

Пишува: Иван Бојаџиски
Пишува: Иван Бојаџиски

Илија Димовски, ударна вмровско-дпмнеовска тупаница, главен на оваа партија на минатите предвремени парламнетарни избори за третата изборна единица, за време на изборната кампања го рече следново:

„Од почетокот на идната година (2017, н.з.) граѓаните на источна Македонија до Скопје ќе патуваат по новиот автопат“…

Тогаш напишав дека Димовски или не чита весници и портали, или е погрешно информиран од невалидни извори, или, што е најверојатно, свесно лаже за да добие некој глас повеќе во најиспустената со луѓе изборна единица.

Тогаш му порачав на Илија дека го лаже народот во кој се колнат тој и неговата партија. Го потсетив дека два месеци пред тој да манипулира во „случајот автопат“, како новинар кој ги истражува работите бев кај одговорните за изградбата на автопатот. А тоа е кинеската компанија „Синехидро“ која е стационирана во светиниколскиот хотел „Овче Поле“. На моето прашање кога ќе биде готов автопатот, од одговорните добив коректен одговор дека најблиско време на кое тие се надеваат е крајот на 2017 години. Со додавка дека изградбата можеби ќе се пролонгира и во текот на 2018 година.

преузимањеЈасно е зошто на Илија Димовски му беше потребно да лаже. Се ближеше 11 декември, а со тоа и предвремените парламентарни избори. Иако од вемерето говореа дека во тројката ќе победат со 14 наспроти 6 пратеници на опозицијата,  тој резултат не беше остварен. Во вемерето го знаеле расположението на граѓаните, дека работите се менуваат, а тоа го покажаа и изборите. Ако во 2014 година вемерето имаше 13 пратеници во тројката сега има двајца пратеници помалку, а социјалдемократите двајца повеќе.

Се вели дека пред избори најмногу се лаже. Но, дека лагата не секогаш може да биде продуктивна покажа и овој случај.

Па сега, кога патува на истокот од државата, ако воопшто веќе доаѓа на овие наши простори, еве едно прашање до Илија: по кој пат патуваш Илија од Скопје до Штип, Кочани, Берово, Пехчево, Делчево?

На одговорот чекаме. Ако ни биде даден ќе го објавиме зашто народот има право да знае.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе