ПРЕД ФАКТИТЕ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ

Скопје,07.10.2017

 Пишува: Мераљ Груби
Пишува: Мераљ Груби

Имаме влада која ветува и се грижи за гладните, за напуштените, за деца, за жени и остарени. Влада која мисли на сиромашни, потценети и понижени кои не можат да си ги прехранат нивните семејства. Влада која мисли на болните, измамените и обесправените кои се уште ја бараат правдата по корумпираните судови. Влада која покажа и докажа за многу кратко време дека не се седнати на народните фотељи за да го јадат народниот леб а народот да остане гладен. Добивме влада која ни ја донесе слободата на говор, слобода на медиумите, го слуша гласот на народот ги слуша слободоумните говорници, критичари и го почитува сечие мислење. Ако е за аир доста е за почеток, па дури и премногу е за да постојат двоумења дека сме на вистински пат и дека не сме погрешиле во изборот. Верувам дека и овој пат нема да погрешиме ако нашиот глас го дадеме на оние кои ветуваат “Живот во Македонија за сите” Заврши времето на закани од “Ендеци” за вас и вашите најблиски.Ке заврши и времето на мито и корупција. Затоа не двоуметесе одберете го најдоброто за вашата општина. Изборот е лесен кога треба да се одбере помеѓу големо “Зло” и Подобра иднина.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе