Приказна за браќата Миланови, кои го создадоа еден од најдобрите автолакерски сервиси во државата

Свети Николе, 23.03.2021

Љубовта и страста кон автомобилите, ентусијазмот кон тјунинг колите, како и силната верба  во себе и своите способности беше основниот мотив браќата Јосип и Ведран Миланови да го отворат еден од најдобрите автолакерски сервиси во државата кој се наоѓа во нивниот роден град Свети Николе. Иако најголем дел млади луѓе денес бараат работа во јавната администрација, сложните браќа Миланови беа одлучни сами да си го трасираат својот пат на среќата. Со свои пари, со свој труд, со своја посвтеност…

Нивната преубава, успешна деловна приказна започнува во 2009 година. Бизнисот го започнуваат во мала гаража од само 18 метри квадратни во која покрај скромниот алат ги внесуваат и сета своја љубов, знаење и посветеност. Денес, единаесет години по отворањето, сервисот Миланов привлекува муштерии од сите делови на државата.

-Оваа работа ја работиме со многу љуов и знаење. Сервисот го опремивме по сите светски стандарди, ја поседуваме најновата опрема како машина за извлекување на тешко хаварисани возила, најквалитетно фарбање, детајлинг, автоклима тип тјунинг, компјутерска дијагностика и се друго што ни е потребно за задоволство на оние кои ни ја поклонуваат довербата, велат Јосип и Ведран за istokpress.mk.

И нивниот пат до успехот не бил послан само со рози. Бил тежок, трнлив и полн со предизвици. Но, затоа пак денес Миланов Тјунинг е на површина од 320 метри квадратни, капацитетот му е десет возила истовремено во работилницата и 16 на паркинг просторот и е синоним за квалитет

Следејќи ги европските сервиси планираме да инвестираме во неколку возила кои ќе ги даваме на користење на нашите клиенти додека нивните возила се на поправка во нашиот сервис

-Раководењето со ваков сервис претставува и предизвик и голема одговорност. Кога нашите клиенти се задоволни, ние сме уште позадоволни од нив. Задоволните клиенти се нашиот најголем мотиватор и нашиот најголем пи-ар зашто тие на многумина го раскажуваат искуството кое го стекнале во однос на услугата која тука ја добиле. И поради тоа ние имаме склучено договор со најдобрите осигурителни компании во државата, а тоа се Сава, Триглав, Еуролинк, Осигурување Македонија…Сите тие си имаат свои правила и процедури кои ние мора строго да ги спазуваме и самото тоа не прави еден од десетте најдобри вакви сервиси во нашата држава, вели раководителот Јосип Миланов.

svnk03Браќата Миланови за кои професионалноста и квалитетот се темелот на нивниот успех, велат дека посветено ги следат најновите достигнувања во оваа сфера, постојано инвестираат во алат и машини, и редовно посетуваат семинари и обуки. Довербата на клиентите им е на прво место, првичната комуникацијата со клиентите им е клучна зашто, како што појаснува Јосип. тие  ним им се обраќаат после некое стекнато непријатно искуство со нивните автомобили.

Комората за фарбање е од најдобриот светски производител, брендот број 1- Nova Verta од најновата konkuer серија наменета за бои на водена база. Машината за извлекување на тешко хаварисани возила е од шведскиот бренд Kar O Liner заедно со мерниот иснтрумент Каr O Tronik Спотер, пункт апарат и IRT oд италијанскиот бренд Spanesi. Tука е и пиштолот за фарбање Sata Ivata I Devilvis, апарат за автоклима од најновиот Arizone 6001, миксинг румот е од Filion tehnolodies и спектрометар од истиот бренд за да нема отстапки во нијансирањето на бојата. Што се однесува до брендовите на материјали Миланов Тјунинг сервисот ги користи од брендовите Glasurit, Mipa I Mobihel.

svnk02Во однос на плановите за иднина, Ведран го вели следното:

-Ние постојано се стремиме да бидеме во чекор со најновата технологија. Тоа е нашето Свето Писмо, нашата Библија. Ги следиме сите нови трендови во авторепаратурата и затоа постојано инвестираме во најнови машини и алати. Следејќи ги европските сервиси планираме да инвестираме во неколку возила кои ќе ги даваме на користење на нашите клиенти додека нивните возила на поправка се во нашиот сервис. Во план ни е, во некоја многу блиска иднина, да инвестираме и во поставување на фолтоволтаични панели за самостојно обезбедување на електрична енергија.

Сите информации за сервисот можат да се најдат на www.milanov-tuning.mk