Скулптурот Милошески со изложба пред штипјани

Стојанов (прв од лево) Милошевски (четврти од лево)

Штип, 18.12.2018

Денес точно напладне во Штип беше отворена изложба на познатиот македонски скулптор доц.д-р Слободан Милошески. Пред бројна публика изложбата ја отвори проф.д-р Трајче Стојанов, естетичар.

izlozba02„И со оваа самостојна изложба сега веќе познатиот академски скулптор  Слободан Милошески се потврдува како автентична појава на македонската уметничка сцена. Евидентно под влијание на американскиот скулптор Александар Калдер и неговите „мобили“, сепак нашиот „македонски Калдер“ се јавува не како едноставен епигон, туку како самосвоен творечки феномен  кому „ветрот“ од мобилите  на Калдер му служи како инспирација во едрата за наведување на сопствениот уметнички брод“, рече Стојанов.

izlozba0Професор Стојанов продолжи со уверување дека скулптурите на Милошески имаат изразен динамизам во кој дури и гледачот е вклучен.-„Со тоа естетиката на овие дела станува станува комплетна затоа што станува и естетика на рецепцијата“, посочи Стојанов.

Изложбата е отворена во наредните седум дена.