Штип во чест на Ацо Шопов

Штип, 20.12.2018

Пред точно 26 години во Скопје почина револуционерот, општественик, поет и академик Ацо Шопов. Во негова чест Општина Штип, Центарот за култура и Домот на млади денеска организираа повеќе настани на кои се говореше за ликот и делото на Шопов.

Василев пред скулптурата на Шопов
Василев пред скулптурата на Шопов

Пред спомен-бистата на Ацо Шопов, која се наоѓа пред Домот на култура кој го носи неговвото име, делегации на Општина Штип, на Советот на општината и на Боречката организација положија свежо цвеќе. За ликот и делото на Шопов зборуваше Кирил Панајотов.

kultura03Потоа во спомен собата на Ацо Шопов која се наоѓа во Домот на културата во Штип, млади поети читаа песни од богатиот творечки опус на револуционерот, поет и академик. Овде за делото на Шопов говореше писателот Трајче Кацаров. Потоа на академскиот скулптор Васил Василев му беше врачено признание за неговиот придонес кон зачувување на ликот и делото на Шопов преку изработка на скулптура која е поставена во Домот на клтура „Ацо Шопов“. Признанието му го враќи Никола Ристов, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“.

Во Домот на млади се одржа поетско читање на кое настапија поголем број млади литерати, а на поетите кои ги имаа најдобрите состави им беа врачени соодветни награди.