ШТИП: Докторите Чепреганов и Џонов со предавање за смислата на човековото постоење

Штип, 18.11.2021

Утре, точно на пладне (12,оо часот), во свечената сала на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, двајца велемајстори на убавото говорење, познатите проф. Д-р Методи Чепреганов и проф.д-р Илија Џонов ќе одржат предавање на тема:

„За смислата на човековото постоење“

Чепреганов и Џонов се познати по своите огромни познавања од областа на медицината но и по ораторските вештини кои ги поседуваат, а кои никого не оставаат рамнодушен. Темата е исклучително интересна и, посебно за денешно време, значајна зашто секој од нас, неретко си го поставува прашањето за смислата на сопственото постоење.

Модератор на настанот ќе биде проф.д-р Кирил Барбарев кој со идејата за предавање на спомнатата тема се „нашол“ на иста линија со проф.д-р Чепреганов.

-Темата е исклучително интересна и актуелна, таа покрај медицинската ги содржи во себе и психолошката и социолошката компонента. На предавањето очекуваме студенти главно од Медицинскиот факултет при УГД но тоа е отворено и за сите други заинтересирани за темата граѓани. Секако, настанот ќе го одржиме со почитување на сите здравствени протоколи, ни изјави проф. Барбареев.

Проф.д-р Чепреганов во изјава за нашиот портал рече дека со посебно задоволство ја очекува средбата со студентите на УГД но и со неговите драги „шчипјани“, а во исто време информира дека тој утре на Медицинскиот факултет при УГД ќе подари неколку стручни книги излезени од неговата инвентивна докторска работилница.

Инаку, и Чепреганов и Џонов се родени штипјани.

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе