ШТИП: КУД „Ристо Донев-Учителот“ нема да има проби и концерти до 6 април

Штип, 10.03.2020

Најголемото и најбројно културно-уметничко друштво во источниот регион „Ристо Донев-Учителот“ од денес ги откажува сите проби и концерти на друштвото како превентивна мерка од корона вирусот. Друштвото кое брои над 130 члена ќе апстинира од секакви активности до 6 април годинава.

-Не сакаме да го ставаме на испит здравјето на нашите членови, пионери, младинци, сениори па иако не постои стриктна забрана за собирање ние се одлучивме да ги замрзнеме сите наши активности, вклучително и проби до  6 април годинава, ни изјави Благој Донев, претседател на ова друштво.

89487904_1142377302776982_3169560120690475008_nОткажан е и големиот меѓународен концерт кој беше закажан за 20 овој месец, а по повод празникот Четрсе, кој е на листата на УНЕСКО како заштитено нематеријално културно богатство на светот. За овој традиционален концерт требаше да дојдат фолклорни друштва од БИХ и Србија но и тие се сложиле дека со оглед на околностите сега не е место и време за масовни собирања.

Друштвото своите проби ги одржува во Домот на култура „Ацо Шопов“ каде е сместена и целокупната негова гардероба од над 300 народни носии и обувки, а тука се и народните иснтрументи на оркестарот.

(И.Б.)