ДЕЛЧЕВО: Kнижевен омаж за творештвото на Павлинка Ѓорѓијоска

Делчево, 11.03.2020

Синоќа во меаната „Две липи“ во центарот на Делчево се одржа литературна манифестација, постхумен книжевен омаж на делата на Павлинка Ѓорѓијоска.

Омажот беше под наслов „Записи од тајната тетратка“.

За творештвото на Ѓорѓијоска (10 март 1961-10 јуни 2020) говореа Миле Ѓорѓијоски, Васил Маневски и Лидија Дамјанова.

Павлинка Ѓорѓијоска ги има објавено романите „Во тунелот“, „Петра“ и „Алтан“ кој е недовршен а беше објавен постхумно.

Помагател на промоцијата беше НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ – Делчево.

В. Маневски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе