ШТИП: Новинарите му го врачија признанието на академик Блажо Боев

Штип, 18.04.2019

boev_800x600Новинарска делегација од регионалниот центар на новинари „Исток“ денес во ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип му го врачи признанието за најдоброто во науката на академик, проф.д-р Блажо Боев, рекотор на овој универзитет. Регионалниот центар беше претставен од претседателот Тони Михаилов и членовите Игор Стојанов, Саше Максимов и Иван Бојаџиски.

Академик Боев беше службено спречен да присуствува на манифестацијата „Најдоброто од истокот“ во избор на новинарите од регионот која се оддржа на 5 овој месец на МСУ во Свети Николе, а денес со убави зборови тој се заблагодари за, како што рече „големото признание кое доаѓа од новинарите кои ги следат активностите во регионот“.

„Новинарството е исклучително важна професија и за нашето општество, а новинарите како вечни трагачи по вистината се нешто без кое не е можно да се оди напред во секоја смисла, па и поради тоа исклучително сум благодарен за признанието кое тие ми го доделија“, изјави Боев.

Годинава вакви признанија беа доделни на шеснаесет стопански организации, институции и поединиц за нивните значајни остварувања во стопанството, регионалниот развој, науката, образованието, новинарството, здравството, животната средина, невладиниот сектор, општествената одговорност, културата, спортот…

Оваа манифестација годинава го имаше своето петто издание.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе