ШТИП: Прилепската библиотека „Борка Талески“ утре со свои избрани поставки од книги и фотографии гостува во Штип

Штип, 02.07.2021

ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп на 3, јули, 2021 година (утре) со свои поставки од раритетна литература и избор изданија од сопствената продукција, а во рамките на манифестацијата „Штипско културно лето“ ќе гостува во Штип. Во центарот за култура „Ацо Шопов“ со почеток во 11 : 00 часот ќе биде промовирана трајната поставка на фотографии од 36 прилепски занаетчии, репрезенти на прилепскиот еснаф, којшто пулсира и е душата на старата прилепска чаршија. При тоа пред штипската културна јавност ќе биде презентирана книгата „Старите прилепски занаети“, современо, и едно од најновите изданија коешто ја третира темата за опстојот на прилепскиот еснаф.

Во вториот дел од настанот, ќе бидат промовирани две други поставки од библиотеката. Првата е избор на раритетна литература, книги, коишто и според содржината и според годината на издавање претставуваат особеност и реткост во книжниот фонд не само во установата, ами и пошироко во државата. Исто така ќе биде презентирана и богатата поставка од сопствената издавачка дејност на установата, која од основањето до денес брои 40-ина дела од разни области.

Ова гостување на библиотеката е во рамките на воспоставената соработка со штипскиот центар за култура, за што неодамна е потпишан и Меморандум меѓу директорите на двете институции од културата, кои што имаат значајна улога во градење на културните вредности и негување на културните придобивки во градот под Маркови Кули и градот под Исарот.

Untitled-1

Травничка хроника, Белград, 1945 год