ШТИП: Хамачи донираше електрично возило на Општина Штип

Штип, 31.01.2019

Познатата штипска трговска фирма Хамачи на Општина Штип донираше електричен автомобил.

Одлука донацијата да биде прифатена со радост денес донесе Советот на општината.

Електричниот автомобил ќе им служи на куририте во општината за разнесување пошта и други материјали низ градот. Подарокот се прифаќа и како дел од проектот за почиста животна околина, на што општината работи посветено.

Во име на  Советот на општината благодарност до Хамачи упати Јане Миланов, претседател на Општинскиот совет.

Штип има станица со полнач за електрични автомобили која ќе ја користи и општинскиот електричен автомобил.