БЕРОВО: Отчет НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Звонко Пеќевски за реализираните дела од значење за Општина Берово во периодот 2017-2019 година
Берово, 16.10.2019
Почитувани граѓани на Општина Берово,
Следејќи ги приоритетите, кои ги дефиниравме од самиот почеток, заедно со Советниците при Совет на Општина Берово и жителите на Општина Берово, во изминатите две години, работевме, градејќи го Берово како посакувано место за жителите, инвеститорите и туристите, со развиена урбана и рурална инфраструктура и чиста и здрава животна средина.
На две години од мојот мандат, должен сум како Градоначалник на Општина Берово, а во рамките на програмата од локалните избори, да дадам краток осврт за проектите кои ги ветивме, со цел да им го подобриме животот на сите граѓани на Општина Берово.
Локалниот развој подразбира општествен и економски развој, во рамките на локалните заедници и се однесува на остварувањето цели и интереси на граѓаните, што имаат локално значење. Со оглед на тоа дека локалниот развој има суштинско значење за задоволување на оние директни потреби, коипто се релевантни за секојдневното живеење и работење на граѓаните, во овој процес се инволвирани сите институции на локално ниво и структури на локалните власти.
Идеите потекнуваа од Вас граѓаните, од бизнис и академската заедница, а ние ги реализиравме, чекор по чекор, со јасна визија и со голема финансиска подршка од централната власт, притоа земајќи ги во предвид сите аспекти на општественото живеење.
Работевме на подобрување на инфраструктурата како во градот, така и во населените места. Работевме на подобрување на комуналната хигиена и зачувување на животната средина, бевме доста активни на полето на локалниот економски развој и во социјалната заштита а неизоставен дел од секојдневието беа настаните од областа на културата кои го збогатуваа културно забавниот живот во градот.
Продолжуваме и понатаму да работиме со единствена цел, подобрување на животот на сите граѓани на Општина Берово и развој на Берово.
Реализирани проекти инфраструктура
- Асфалтирана е улица во с. Смојмирово од регионалниот пат Берово-Делчево до црквата во селото
Во склоп на проектот за атмосферска канализација, асфалтирани се улиците:
- ,,Бел камен”,
- ,,11октомври”,
- ,,Малешка”,
- ,,Марксова”,
- ,,Карпош”,
- ,,Крушевска Република” и
- ,,Ѓуро Ѓаковиќ”.
- Асфалтирана е дел од ул,,Борис Кидрич”
- Изградена е пешачка и вело патека со бехатон плочки, како спој на ул,,Димитар Влахов” и ул,,Борис Кидрич”
- Инсталирани се фотоволтаични системи во Пречистителна станица за отпадни води, ООУ„Дедо Иљо Малешевски“ и ОСУ„Ацо Русковски“
- Општинската јавна установа за социјална заштита на стари лица ,,д.р. Иван Влашки”, го зголеми својот капацитет за нови 14 легла за корисници
- Во рамките на проектот „Oдржливо управување со природните ресурси во микро регионот Пијанец-Малеш-втора фаза“ спроведени се активности за подобрување на турустичката понуда во микро регионот Пијанец-Малеш
- Се врши редовен сервис на уличното осветлување, поставено е ново улично осветлување во населба Абланица, ул.,,Партизанска” и на Кеј на река Брегалница
- Во рамките на активностите на општина Берово, за подобрување на патната инфраструктура во населените места, асфалтираан е дел од ул.,,Гоце Делчев”- крак 3, во с. Русиново, во тек се активности за асфалтирање на целата улица.
- Преку имплементација на Декадата за Ромите , изградена е колско пешачка улица како спој на ул. ,,Балканска “ и ул,,Братство и Единство
- Асфалтирана е улица ,,Димитрие Туцовиќ”
- На Беровско Езеро се решава проблемот со чиста вода за пиење
- Во рамките на проектот,,Градење на инфраструктура за одржлив развој на туризмот” Општина Берово доби дигитален информативен пункт, кој што е прв од ваков тип во регионот и пошироко.
- Изграден е покриен и модерен градски пазар
- Со бехатон плочки изградени се три крака од ул ,,ЈАНЕ САНДАНСКИ”
- Со голема поддршка од централната власт, извршена е целосна реконструкција на ул.,,Моша Пијаде” во Берово. Реконструиран е и патот Берово- Клепало а реконструиран е и патниот правец Берово- Виница.
ОБРАЗОВАНИЕ
- ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” новата учебна година ја започна во енергетски ефикасна средина со променета столаријата, променета кровна конструкција, нова енергетски ефикасна фасада, нова санитарна опрема и нов мебел и ентериер, со реконструирани спортски терени во Берово и во неколку населени места.
- Се модернизира наставата во ОСУ,,Ацо Русковски” – Интерактивните табли ги заменуваат кредите и зелените табли
- Во ОЈУДГ ,,23 Август” променет е дел од кровната конструкција во Берово и во с. Будинарци а набавени се и нови детски реквизити.
- На ученици средношколци од Берово, овозможено им е да ја посетат европската престолнина во Брисел.
- Средношколци од беровската гимназија посетија образовен форум во Варна, Р. Бугарија.
- На барање на Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, Претседателот на Фондација ,,Блгарска памет” д-р.Милен Врбевски, обезбеди 20 компјутери, како донација од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски’’ во Берово.
ГРАДИМЕ СТРАТЕГИИ ЗА КОНТИНУИРАН РАЗВОЈ НА БЕРОВО
Како стратешки документи, кои ќе допринесат за континуиран долгорочен развој на Општина Берово, изминатиот период изготвени се
- Интегриран план за развој на Општина Берово,
- Стратегија за туризам и
- Програма за енергетска ефикасност.
КУЛТУРА
- ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ 2019 година
Активно работевме на подигнување на културното ниво во градот а за тоа најголема потврда е богатата програма на овогодинешниот ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ, кој во петте фестивалски вечери го посетија повеќе од 30.000 посетители. Настапија познати музички имиња од државата и пошироко, како : Џенан Лончаревиќ, Влатко Стефановски, Горан Алачки, Синтезис, 2 Бона, Ефто Пупиновски, Влатко Лозановски, Бени и Нон Стоп, Жаре Бербер како и многу локални бендови.
- Свечено се одбележуваше денот на општината 23 Август, кога најдобрите ученици од основните и средното училиште беа парично наградени.
- Реализирани бројни други манифестации и културни случувања, како претстави, спортски натпревари, шоуа, драми, концерти, а во рамките на можностите, финансиски се помогнати и сите идеи на ентузијасти за збогатување на културните и спортските содржини.
- Од програмата Европа за граѓаните, Преку Eusave мрежата за транснационална соработка, Oпштина Берово користи социјални иновации, за промовирање на културното наследство и за развој на туризмот.
ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ПРОЕКТИ, СТАБИЛИЗАЦИЈА
- Транспарентноста и отчетноста, беа и остануваат основни постулати врз кои овие 2 години ја темелиме општинската политика. Така, Берово годинава се најде на високото 1 во место на листата за активна транспарентност од источниот регион, и на 10 то место во вкупниот ранг, од сите општини и министерства.
- Во изминатиот период, од голема важност е и доведување на општината во стабилна финансиска состојба, благодарение на домаќинското работење на општината и Одлуката на Владата за финансиска поддржка на општините и единките корисници. Одблокирана е сметката на општината и Општина Берово стана ликвидна општина.
АКТИВНОСТИ ВО ТЕК
- Преку источно плански регион, во тек се активности за ,,Изградба на пешачка патека на река Брегалница”
- Во населба Ширината се пробива улица
- Во населба ,,МИЛО”, се гради нова канализациона мрежа за отпадни води
- Започна и рекнструкцијата на локалниот пат с.Владимирово- с.Мачево
Работата на локалната самоуправа никогаш не застанува, посебно кога се работи за општина како Берово . Па, така и листата на сето она што допрва ќе треба да се сработи е веќе започната.
ИДНИ ПРОЕКТИ за кои веќе се склучени договори
- Проект ,,Реконструкција на речното корито на река Брегалница’’ во градот Берово, кој Општина Берово ќе го реализира со европски пари
- Рехабилитација на дел од патот с. Русиново- Безгаштево
- НОВ ЦЕВКОВОД во С. Двориште
- Реконструкција на ул.,,4″ во с. Русиново
- Реконструкција на ул,,Којова Ливада”
- Изградба на улица ,,Прохор Пчињски” – втора фаза
ПОДОБРЕНИ КОМУНАЛНИ УСЛУГИ
- Во насока на подобрување на јавната чистота, набавена е Зелена машина за подобрување на комуналните услуги, почисти улици и подобар јавен сервис, поставени се канти за отпадоци на повеќе локации во градот, набавени се нови контејнери а од неодамна општина Берово набави и половно возило за собирање на смет.
- Набавен е нов РОВОКОПАЧ
- Изградена е нова парцела, проширени се градските гробишта.
- Извршено е внатрешно ентериерно доуредување на градската капела, со одлука на Совет е преотстапена на ЈПКР,,Услуга” – Берово и е пуштена во употреба.
- Од Буџетот на Општина Берово, обезбедени се и средства за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
ОСТАНАНАТИ ПРОЕКТИ
- Од Буџетот на Општина Берово за секое родено дете чии родители се жители на Општина Берово се издвојуваат по 3000,00 денари,
- Во рамките на грижата за Ромската популција изградено е детско игралиште во ромското маало во соработка со КХАМ Делчево преку Иницијатива ,,Мрдни со прст” од граѓаните во Ромското маало во соработка со Општина Берово.
Во целокупната работа и ангажман имавме и партнери, општествено одговорни компании, кои со својата несебичност придонесоа за збогатување на содржините и развој градот.
- Компанија ЗЕГИН донираше нови реквизити и играчки во паркот на Кејот на река Брегалница.
- Скопска пивара, донираше летниковец за Беровчани.
Имајќи ја вашата доверба како чест, но и одговорност, секогаш Вас, граѓаните ве имавме како партнер во креирањето на стратешките цели, во креирањето на визијата за подобар живот во Општина Берово.
Вашите добронамерните критики и пофалби, идеи, предлози, беа одлична платформа за нашата понатамошна ентузијастичка работа за мене како градоначалник, за општинската администрација, за Советот на Општината. Сите реализирани проекти произлегоа од вас, граѓаните, од вашите потреби од заедничките средби и од нашите можности.
Токму затоа, овој отчет претставува осврт на сето она што заеднички го направивме во изминатиот период, во рамките на програмата која ја дадовме пред граѓаните, а во насока на подигнување на квалитетот на живот во општината, според европските и светски стандарди, подобрување на конкурентноста, подобрување на инвестициската клима и се разбира севкупен развој на Општина Берово.
ПОЧИТУВАНИ БЕРОВЧАНИ, НА КРАЈОТ, КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА БЕРОВО, ВЕ ПОВИКУВАМ СИТЕ СО ЗАЕДНИЧКИ СИЛИ, МНОГУ РАБОТА И ПОСВЕТЕНОСТ ДА ПРОДОЛЖИМЕ СО РАЗВОЈОТ И НАПРЕДОКОТ НА НАШАТА ОПШТИНА. ПОУБАВА ОПШТИНА ЗНАЧИ НАПРЕДОК И ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ ЗА СИТЕ НАС И НАШИТЕ ИДНИ ГЕНЕРАЦИИ.
Успешноста на една општина подразбира континуиран развој и растеж, низ заеднички труд и ангажман од сите инволвирани страни-го заврши својот отчет по повод две години локална власт.
Со почит,
ЗВОНКО ПЕЌЕВСКИ
Градоначалникот на Општина Берово