Скопје, 7.јануари – Во организација на хорот “Св.Злата Мегленска”, вечерва, од 19,30 часот, во градската православна црква “Пресвета Богородица”, во Скопје, ќе се одржи традиционалниот концерт “Божиќна слава”.
Влезот е слободен, а концертот е од хуманитарен карактер.
Присутите ќе можат доброволно и според своите можности да донираат, додека собраните средствата се наменети за деца со посебни потреби и за ранливи категории грагани.
Програмата ќеја исполонат Младинскиот црковен хор на Повардарската епархија “Св.Кирили Мертодиј”, Детскиот хор “Фалсето” при МОБ и Камерниот хор Херувими од Скопје.
Солисти се Биљана Стефансон од Шведска, Лилјана Јовановиќ од Србија и Дарко Нешовски од Скопје.
Покровител на концерот е сопругата на претседателот Иванов, Маја Иванова.
(Крај)