Виница, 21.06.2019
Вечерва во Виница, во холот на Домот на култура во 20 часот, ќе биде промовирано најновото поетско дело на Игор Христов, збирката поезија Genesis (пра Почеток). Оваа збирка е последниот дел од поетската трилогија на авторот кој живее и твори во Виница.
Почнувајќи од „Две љубови и еден живот“ преку „Потрага“ авторот го бара себепронаоѓањето во суштината и смислата на животот преку сите можни човечки емоции: гнев, бес, јад, очај, среќа, радост, тага…Љубов пред се и над се.