Во Кочани вечер на Македонскиот афоризам, Во Делчево промоција на на книга „Жени афористичарки на Балканот“
Кочани, 31.03.2017
- Истакнатитот сатиричар Љупчо Силјановски е добитник на признанието за трајни вредности во македонската афористика
Вечеррва, во 19 часот, во Домот на културата „Бели Мугри“ во Кочани ќе се одржи традиционалната манифестација „Вечер на македонскиот афоризам“. Ќе настапат повеќемина истакнати афористичари а ќе бидат доделени и награди на добитниците од конкурсот на тема „Луди и збунети“.
Златната плаќета му е доделена на Васил Толески, сребрената на Јане Атанасов а бронзената на Марјан Анѓеловски. Специјална наград доби Наташа Ќурчиска, а специјални дипломи ќе им бидат врачени на Ристо Филчевски и на Александар Кузмановски.
Истакнатито, долгогодишен македонски афористичар Љупчо Силјановски ќе биде почестен со признанието за трајни вредности во македонскиот афоризам.
Во сабота, на првиот априлски ден, во Делчево ќе биде промовирана книгата„Жената и афоризмот“ во која се затсапени 20 жени афористичарки од сите балкански држави, Промотори се Дејана Стоилковиќ од Србија и Миле Ѓорѓијоски од Македонија,
Интересен е фактот дека првата промоција ќе биде во летниковецот на познатата конфекција „Крзно“ каде афоризми ќе се ќитаат пред работничките на оваа фирма. Тој настан ќе биде во 12,30 часот а во 13,30 часот во кругот на манастирскиот комплекс „Света Богородица Балаклија“ ќе биде втората промоција на која ќе настапат и четири поетеси од Делчево: Перса Стојановска, Христина Деолска, Весна Дончевска и Кети Ангеловска. ,