Свети Николе, 03.04.2017
- Првокласниот културен настан е по повод 12 април, Денот на полетувањето на човекот во вселената, а тој човек беше Јуриј Гагарин

Првокласен концерт со учество на солистки, членки на врвен руски вокален ансамбал од градот Електростаљ, Московска област во Руската Федерација, добитнички на врвни награди на бројни државни и светски натпревари на вокални интерпретатори, во четврток, 6 април оваа година, ќе имаат настап во Свети Николе. Организатор на настанот е Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, а истиот е по повод 12 април, Денот кога советскиот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин како прв човек полета од Земјата кон вселената. Тој ден се почитува и слави во светот како Меѓународен ден на полетувањето на човекот кон вселената.
Концертот е во четврток, на 6 април во 19 часот, а влезот во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ влезот е слободен. Посетителите ќе слушнат популарни патриотски руски песни и хитови за вселената, информира Људмила Мутева Арсовска од МСУ..
Јуриј Алексеевич Гагарин, руски космонаут е роден во 1934 година во местото Гжатска, а животот го загуби во авионска несреќа во 1968 година. Тој на 12 април 1961 во „Васток-1“ од земјата полета кон вселената. Летот беше успешен и траеше 108 минути. Гагарин успешно се спуштил на земјата јужно од Саратов. Тој беше првиот човек кој ја прелета земјата околу нејзината орбита.
.