Штип, 30.05.2018
Стотина уметнички дела изложија студентите од Ликовната академија, архитектура и дизајн и од Технолошко-техничкиот факултет при Универитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Изложбата е поставена во уметничката галерија „Безистен“ која топло ја препорачуваме на сите да појдат и да ја видат.
На отворањето говореше проф.д-р Катерина Деспод, декан на Ликовната академија.
„Делата претставени од студетите остануваат верни на реалноста и најавтентични со себе си. Само автентичноста ќе ве одржува на нозе и ќе ви ја крене главата. Движете се кон тоа да бидете единствени, а кога се сомневате послушајте ја својата интуиција. Студентите имаат прилика да ги претстават своите дела и да остават впечаток во круговите на уметноста и дизајност“, рече Деспод.
Таа уште додаде дека крајниот резултат е плод наречен уметничко дело, а резултатот е нивната креативност.-„Креативноста не би постоела ако нема претходен напор-цртање, сликање, дизајнирање“, порача Деспод.