Делчево, 10.01.2022
Од денеска започнува депопулација на свињите во заштитната зона во радиус од три километри околу потврдените жаришта на две одгледувалишта во с. Драмче, вклучувајќи ги населените места Драмче, Очипала, Киселица и Ветрен во Општина Делчево, како една од мерките кои ќе се преземат во однос на контрола и заштита од болеста афиканска чума кај свињите.
На координативниот состанок одржан во Општина Делчево, а на кој присуствуваа претставници од Агенцијата за храна и ветерина, ветеринарни станици и инспектори од Делчево, Берово, Виница и Кочани, претставници од МЗШВ, од ЦУК Делчево, како и претставници од Општина Делчево и ЈКП „Брегалница“, беа формирани тимови кои ќе ги следат насоките од Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста африканска чума кај свињите во кои спаѓа и задолжително почитување на биосигурносни мерки и забрна за чување свињи на отворено.
Во целост се забранува ловот во сите ловишта во Источниот регион во кој спаѓаат општините: Берово, Делчево, Виница, Зрновци, Карбинци, Кочани, М. Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип.
Согласно со овие насоки, во втората зона, односно зоната под надзор во радиус од 10 км околу потврдените жаришта што ги опфаќа општините Делчево и Македонска Каменица со населените места Ѕвегор, Габрово, Полето, Костин Дол, Македонска Каменица, Селник, Косевица, Луковица, Тодоровци, Бигла, Косово Дабје, Делчево, Турија и Илиово, ќе се врши контрола на сите одгледувалишта, а се забранува и движење на свињите во и од сите одгледувалишта од заштитната зона, освен ако свињите се упатуваат на колење во најблиската соодветна кланица. Од сите заклани свињи ќе се земаат поримероци за лабораториско испитување и утврдување на присуството на вирусот.
Исто така, во сите ловишта во Источниот регион во кој спаѓаат општините: Берово, Делчево, Виница, Зрновци, Карбинци, Кочани, М. Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип целосно се забранува ловот, а на целата територија на Република Северна Макеоднија ќе биде спорведен вонреден попис на свињите и клинички прегледи најдоцна до крајот на овој месец.
Во акцијата за контрола и превенција од болеста африканска чума со логистичка поддршка и потребните ресурси се вклучува и Општина Делчево, а директно се вклучуваат и екипи и механизација од ЈКП „Брегалница“.
Инаку, врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче, каде се угинати 14 свињи, а во одгледувалиштата, каде е потврдено присуството на болеста, извршена е еутанизација (хумано убивање) на 6 свињи, земени се мостри за лаборатиориско испитување, а лешевите на угинатите и еутанизираните животни, под официјален надзор, се нештетно отстранети и закопани.