Еминентен собир со македонската и светската византолошка елита

Охрид, 21 ноември 2018

– Со учество на 40-тина еминентни византолози од Европа, на 23 и 24 ноември, петоки сабота, во Охрид и Ресен, ќе се одржи Шестиот Меѓународен симпозиум Денови на Јустинијан Први, под тематскиот наслов: „Државата и империјата“.

– Одлучивме да овој симпозиум се одржи во овие два града бидејќи, пред точно еден милениум Самоиловата држава имаше седиште токму во овој регион и византолозите да ги презентираат своите најнови сознанија под истото поднебје, објаснува професор д-р Рубин Земон, од Институтот “Евро Балкан”.

Покрај Универзитет „Евро-Балкан“, соорганизатори  се Институт за национална историја  на Република Македонија и Универзитет во Болоња, Италија.

Сесиите ќе се одржуваат во катедралната црква св. Софија,каде е свеченото отворање,  и амфитеатар на Факултетот за Туризам и угостителство, во Охрид,односно големата сала на општина Ресен.

Најавено е поздравни говори да имаат Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, член на Oрганизацискиот одбор, Проф. д-р Џузепе Маино, ко-организатор на Меѓународниот симпозиум, Проф. д-р Митко Б. Панов, Претседател на Mеѓународниот организациски и научен комитет.

На првиот ден од работата, ќе биде промовиран Зборникот на трудови од Петтиот меѓународен симпозиум „Денови на Јустиниан I”.

Ѓоко Ѓорѓевски, од Православниот Богословски факултет, „Св. Климент Охридски“  од  Скопје, ќе говори на тема: “Богословските ставови на Охридските Архиепископи Теофилакт и Димитриј Хоматијан во контекст на тогашните црковни и општествено-политички состојби”.

Maja Ангеловска -Панова, Институт за национална историја – Скопје, Р. Македонија :”Ереси, идеологија и Империја: Случајот со Богомилството”

Јане Коџабашија, од Универзитет „Евро-Балкан“, за Димитар Златанов – Градоборски (ок.1800-1887), Мирјана Павловска – Шулајковска, од истиот Универзит на тема: „Замирањето“ и реафирмацијата на црковното пеење од словенско – византиската традиција во Македонија”.

Драган Ѓалевски, од Институт за национална историја  за империскиот престиж како средство во византиската дипломатија на Балканот (средина на IX – почеток на XI век).

Далибор Јовановски, од Филозофски факултет, при  УКИМ и Иванка Василевска, од Правен Факултет, при УКИМ, на тема:” Р. Хелени или Ромеи. Судир на наследствата”, додека Митко Б.Панов, од Институт за национална историја, за  Српската имагинација за Самуиловата држава во првата деценија од 20 век низ призмата на Божидар Прокиќ.

Игор Јуруков, од Бирото за развој на образованието на Република Македонија ќеговори на тема: Средновковната историја во наставните програми по историја за основно образование (1944-2018, ) а Весна Матијашевиќ – Покупец, од Универзитет „Евро-Балкан за Рефлексии на византискиот (и поствизантискиот) период во македонското поетско и прозно народно творештво

Од странство, ќе настапат еминентни научни имиња од уноверзитети во Шпанија, Грција, Италија, Романија, Албанија, Бугарија, Русија, Србија и други земји.

Покрај спомениците на историјата и културата во Охрид, учесниците ќе ја посетат и црквата Св.Ѓорѓи во Курбиново.

Веле Митаноски

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе