Штип, 18.01.2019
Нашиот етно музичар Александар Арабаџиев(The ethno MC) за божиќните празници не почасти со нов видео запис на орото Јанино од неговиот прв албум “Звукот на татковината”.
Видеото е снимано во на повеќе локации во с.Брест, Радовишко во продукција на Киклоп продакшн- Скопје. Со многуте анимации и ефекти во современи компјутерски програми се цели да се доближи традиционалната музика и инструменти до младите генерации преку еден модерен приказ.
Александар моментално работи и живее во Виена, Австрија каде ги истражува музичките и културните идентитети на балканските заедници, но истовремено работи и на ширење на македонската традиционална музика и игра. Преку курсеви при виенската висока академија VHS не само македонските иселеници туку и сите австриски граѓани имаат можност да се запознаат со македонската традиционална музичка култура и изучуваат традиционални инструметни ора и песни.
Видео записот можете да го видите на следниот линк :
Благој Анчев