Струга, 17 април 2019
– Претседателот во заминување, Ѓорѓе Иванов, на домашен и на мегународен план, и ги врза, а за жал сеуште и ги држи врзани рацете, со неговите постапки, несфатливи за човек кој се декларира за татко на сите граѓани во една земја.
Со ваква порака, се обрати синоќа, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, говорејќи во Струга, пред граѓаните на селото Октиси, на отворена трибина, организирана од СДСМ и коалицијата.
Затоа, рече Адеми, овие избори се шанса кочничарите на интегративниот евро-атлански пат, да се испратат во историјата, а не да се генерираат во нови ликови.
Тој изрази чудење што одредени лидери на помали партии од албанскиот политички кампус, повикуваат да се гласа за Албанец, а не за кандидат за претседател.
– Не оди да се декларирате за про-европски вредности, за внатрешна кохезија и обединета Европа, а да повикувате на ексклузивност, во етничка смисла, рече Адеми
Адеми додаде дека, во принцип, е легитимна дилемата на Албанците, да имаат, колоквијално кажано “свој” претседател, но, исто така, треба да се мисли на ризикот околу цензусот. Тоа е добра идеја и реална потреба и право, но пуштена е во погрешно време и со погрешни луѓе. Албанците треба ризикот да го елиминираат уште во првиот круг, а не да чекаат втор, уште повеќе што со Пендаровски нема никакво ризик, туку е шанса, затоа што е тој кандидат за прв пат, поддржан од сите – порача Адеми.
Учесниците во дебатата, исто така, нагласија дека ова општество веќе созреа, дека веќе гласаше за кандидат за претседател, а не за Албанец, во случајот на Имер Селмани. Побараа самиот Селмани да го земе тој бајрак на инклузивноста и кохезивноста и да возврати на довербата, односно на пораката што тогаш граѓаните ја испратија.
Адеми објасни дека, речиси, половината од дипломатските претставништва не земјата се празни, само затоа што Иванов одбива да ги потпише указите за, од Владата, веќе, предложените кандидати за амбасадори.
На трибината можеше секој да поставува прашања и да изнесува мислења. Жителите на ова село – мал град од 5.000 жители, тоа и го правеа жестоко, без пардон и персирање, но аргументирано и конструктивно.
– Нам и не треба да ни се кажува за која опција да се определиме. Сите ние, не само од Октиси, туку и од Лабуништа и Подгорци, не криеме дека сме лево и прозападно ориентирани. Жителите од овој регион, со отприлика дваесетина илјади жители, со децении работаат на запад, а никој во Русија, од таму ги градат своите домови – порача октишанецот, Алија Камбероски, инаку пратеник од редовите на ПЕИ.
Октишани, побараа, брза реализација на проектот за водоснабдување, за чија изработка самите платиле, додека Владата им доделила 60 илјади евра за реализација.
Обраќајќи се директно кон лидерите на чисто етничките партии, октишани со муслиманска вероисповед, побараа, еднаш за секогаш, сите во земјата да сватат дека се тие Торбеши со етнички какедонски корен и чист македонски јазик, а не гласачка маса за пополнување на квотите на партиите.
Министерот за информатичко општество и администрацијха, во својство на потпретседател на СДСМ, исто така, изнесе низа примери на штетно по граѓаните однесување на Иванов и побара тие да внимаваат на ризикот од продолжување на политиките на Иванов, ако поддржат кандидат, кој утре, на ист начин, ќе биде диригиран од ВМРО ДПМНЕ.
– Штетноста на таквите политики, јасно се гледа и од Брисел и од Вашингтон. Не случајно комесарот за проширување Јоханес Хан, им одржа лекција на Иванов и на Ивановистите да не се мешаат во судските постапки и да работаат во интерес на граѓаните. Каков е тој татко на нацијата, кој не потпишува закон, со кој на социјално загрозените групи, ќе имн се зголемат приходите за 300 посто, односно од 3.700 на 11.400 денари? Ќе бираме ли наследник, кој, како Иванов, со непотпишување на закон, ќе им овозможи на трговците сами и до небо да ги креваат малопродажните цени на бензините и дериватите? запраша Манчески.
Тој наведе и други примери, каде граѓаните се директно засегнати од инаетот на Иванов, но и примери за други, веќе усвоени проекети и обезбедени средства, пред се, оној за повраток на дел од ДДВ, кој статува од 1 јули.
С свои мислења ио погледи на трибината се обратија и пратеникот и лидер на ПОЕМ, професор д-р Рубин Земон, шефот на пратеничката група на СДСМ Јован и други.