Вечер голем народен митинг СДСМ повика на масовност за избор на Пендаровски за претседател и заокружување на убавата приказна за нашата европска иднина

Штип, 17.04.2019 г.

Вечер, на Градскиот плоштад „Слобода“, со почеток во 20 часот, ќе се одржи голем народен митинг во знак на поддршка на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија. По тој повод, Никола Тушев, претседател на Општинскиот изборен штаб, во изјава за медиумите го кажа следново:

Почитувани сограѓани,

Со претседателските избори ќе заокружиме една многу важна етапа од нашата заедничка битка. Битка за интегрирана, безбедна, економски напредна држава, држава во која владее правото, а не криминалот. Држава на правда, еднаквост и солидарност.

Да покажеме дека сме обединети и цврсто решени да одиме напред!

Денеска сме собрани сите лидери на локалните ограноци на партиите и здруженијата кои застанавме зад кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, за да ве повикаме сите вас заедно да ја изразиме силната поддршка за него, вечерва на градскиот плоштад „Слобода“, со почеток во 20:00 часот.

Пендаровски е вистински, достоинствен претставник на државата и граѓаните. Тој ќе обезбеди најмногу придобивки за граѓаните на нашиот пат во НАТО и ЕУ. Заедно со Стево продолжуваме да бидеме земја која е пријател со сите свои соседи и стратешки партнери – поврзана, признаена и почитувана од цел свет. Стабилна и безбедна земја, дел од најмоќните сојузи во светот.

Стево е претседател кој работи за државните и граѓанските интереси, а не за партиските. За разлика од другите, тој нема да дозволи која било партија да го кочи развојот на земјата и да го дели народот. Јасен и концизен во своите ставови, со бистра мисла и способност за резонирање, а воедно и со долгогодишно искуство и директно учество во политичките случувања, Стево е вистинскиот избор за сите нас.

Застанување веќе нема, изборот е јасен – ЗАЕДНО ОДИМЕ НАПРЕД!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе