КАМ МАРКЕТИ: Регресот за годишен одмор за сите вработени 37.600 денари за 175 проценти од законскиот минимум!
Штип, 09.06.2023
Секој вработен во Кам маркетите во Македонија за годинава на име регрес за годишен одмор ќе добие по 37.600 денари. Се работи за ново зголемување за 14 проценти во однос на претходната година и, што е за посебно осбњлњжување – за 175 проценти повеќе од утврдениот со закон минимум.
КАМ маркети е најпосакуваниот работодавач во категоријата маркети во наѓата држава за изминатата година.
Покрај зголемувањето на регресот за годишен одмор, кој повеќе години наназад е повисок од просечна плата, „КАМ“ најавува и дополнително проширување на листата на бенефиции.
овозможениот платен превоз и топол оброк за вработените во Логистичкиот центар, новини се: обезбеден бесплатен превоз за вработените во маркетите со место на живеење над 5 километри од работното место, како и колективно осигурување за сите вработени.
За оваа од маногу потроѓувачи посакувана фирма за пазарење луѓето се највредниот капитал на секоја компанија.
-Ние во „КАМ“ сме свесни за тоа и тоа е причината поради која продолжуваме да ги подобруваме условите за работа и да им овозможиме придобивки поради кои ќе бидат задоволни, а со тоа и попродуктивни. Тоа е и наша обврска – да го оправдаме епитетот „најпосакуван работадавач во категоријата маркети“. Дека сме на вистинскиот пат зборува и податокот дека речиси 20% од вработените во „КАМ“ станале дел од нашето големо семејство благодарение на акцијата „Доведи пријател“. Во рамките на оваа акција сегашните вработени добиваат паричен надомест доколку препорачаат лице што потоа ќе стане дел од нашиот тим, порачуваат од „КАМ“.