Сообраќајот на патниот правец Делчево-Македонска Каменица во прекин поради пукнатина

Штип, 09.06.2023

Пукнатина на месноста Црквенска Река на патниот правец Делчево-Македонска Каменица предизвика прекин во сообраќајот. Возилата кои патуваат кон Македонска Каменица се пренасочуваат кон селата Полето и Киселица.

Од полицијата во Делчево информираат дека за тешки товарни возила сообраќајот на овој патен правец, кој е дел од магистралата А3 е целосно забранет, односно за сите кои сообраќаат кон поголемите градови, е пренасочен преку регионалниот пат Берово – Виница, информираа од делчевската полиција.

Екипи на полицијата се наоѓаат на влезот на Делчево и патот кој води кон село Киселица каде се информираат возачите за новонастанатата состојба.

По вчерашното невреме во Делчево, денес во текот на целиот ден изостанаа врнежите од дожд, кои повторно почнаа да паѓаат во вечерните часови со што повторно им создаваат проблеми на голем број граѓани во пониските делови на градот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе