КОЧАНИ: Архитекти и градежници разговараа за поубав град

По иницијатива на градоначалникот Николчо Илијев, денеска во Општина Кочани се одржа стручна дебата со архитекти и градежници од Кочани, на која беа отворени клучни прашања во врска со планирањата, проектирањето и изградбата на објекти во Кочани.

DSC_0007–Целта е со вас, како стручни лица да размениме мислења за реализацијата или измените во урбанистичките планови, но и да ги слушнеме вашите размислувања по неколку наши предлози – ја образложи целта на средбата градоначаникот Илијев. На дневен ред со архитектите се најдоа прашањата за изградба на катна гаража, дислокација на градскиот пазар, парковското уредување и за урбанистичките зафати во централното градско подрачје.

Присутните констатираа дека старите градби во Стришани и во Крушарското Маало во најголем дел се во распаѓање и практично е невозможно нешто од нив да се зачува, туку дека е потребно да се размислува за нивно модернизирање.

Во конструктивна расправа, беше општа оцената дека централното градско подрачје, во изминативе триесетина години ги изгуби елементите по кои може да се следи правец на зачувување на старото градско јадро. Присутните констатираа дека старите градби во Стришани и во Крушарското Маало во најголем дел се во распаѓање и практично е невозможно нешто од нив да се зачува, туку дека е потребно да се размислува за модернизирање на овој дел од градот со згради за колективно домување и пешачки зони и зеленило. Ваквиот начин на планирање, според архитектите ќе даде можност за комплексна анализа и сообраќајно решение во Кочани, со нови улици и катни гаражи.

Идејата за концентрација на зеленило како парк на Локубија доби поддршка, а беше ставен акцент и на потребата за одржување и збогатување на зелените површини по течението односно во коритото на Кочанска Река.

Мислењата за локацијата на Градскиот пазар беа поделени, но сите беа единствени во идејата дека решавањето на ова прашање е со приоритет.

Средбата со стручните лица, кои порано и сега се занимаваат со просторното уредување на Кочани е само една, како што рече градоначалникот Илијев, од низата планирани настани со кои Општината сака да го каже своето и да го слушне мислењето на јавноста, пред да се преземат значајни урбанистички потези за едно уште поубаво Кочани.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе