Кочани, 03.07.2018
Со повеќе пригодни манифестации Кочани ќе го прослави Денот на градот. Централен дел се настаните во рамките на манифестацијата „Петровденски конаци“ која ќе започне на 5-ти, а ќе заврши на 11 јули.
Зад манифестацијата стојат Општина Кочани и Центарот за култура „Бели Мугри“.
„Ќе има класична музика, театарски претстави, поезија, ликовни изложб…Ќе настапат фолклорни ансамбли а целиот проект ќе се затвори со финалето во мал фудбал“, информира Љубинка Ајтовска, портпарол во Општината.
Задутре (четврток, 05.јули) во салонот на НУЦК „Бели мугри“ во 20,45 часот е отворањето со концерт за флејта и пијано на Златка Митева (флејта) и Наташа Трбоевиќ (пијано).