Кочани, 28.11.2018
Со цел да овозможи што поголема вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година, синоќа во Салата на Советот на Општина Кочани се одржа јавна расправа по нацрт-буџетот за 2019 година.
По презентирањето на нацрт-буџетот и на планираните инфраструктурни проекти за идната година, граѓани, претставници на урбани, месни заедници и на здруженијасе вклучија во дебатата по актуелни прашања и потреби од јавен интерес од локално значење.
На расправата се разговараше и за решавање на проблемите со јавниот паркинг,за локација на катна гаража во централното градско подрачје, за нови парковски решенија, како и за дислокација на Градскиот пазар.