ШТИП: Подготовки за кружен тек на булеварот „Гоце Делчев“ кај Пребег

Штип, 28.11.2018

Локалната власт ги реализира подотовките за изградба на нов кружен тек, овојпат кај населбата Пребег и насоката која води кон фабриката Баргала, на булеварот Гоце Делчев кој е влезна порта во градот. За таа цел се врши реконструкција на водоводната мрежа. Денес, на лице место излегоа градоначалникот Благј Бочварски и директорот на ЈП „Исар“ Живко Тасев.

„Станува збор за реконструкција на водоводната и канализационата линија на самиот влез на градот. Ова се значајни активности на ЈП „Исар“ во висина од четири милиони и двеста илјади денари, а со намена за канализациони и водоводни линии за подобрување на водоснабдувањето за сите фирми, но и домаќинства кои гравитираат овде. Планираната водоводна линија 2 која ќе се реализира во иднина ќе се приклучи токму на оваа водоводна линија овде“, рече Бочварски.

IMG_0802Според штипскиот градоначалник се работи за мошне сериозна инвестиција која се реализира сега бидејќи веднаш после реализацијата на овај зафат ќе се започне со изградба на кружниот тек. Овој потфат ќе го работи компанија којашто ја доби работата по пат на јавен тендер.

„Токму затоа сакам да највам дека во наредните денови, на ова место, ќе биде прекопан главниот булевар за влез во градот, ќе имаме привремено собраќајно решение со префрлување на возилата на едната собраќајна лента, заради што бараме разбирање од возачите и внимателно возење. Привремено ќе се намали дозволената брзина токму овде, на овој булевар. Кога ќе завршат овие активности, ќе започнеме со реализација на кружниот тек.

Вкупната инвестиција на кружниот тек и на водоводната линија е околу петнаесет милиони денари“, истакна градоначалникот Бочварски.

Овој потфат се изведува за обезбедување побезбедни сообраќајни  услови на сите учесници во сообраќајот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе