Кочани, 24.01.2019
В понеделник, на 28 јануари, вработените во Општина Кочани ќе учествуваат во акција за расчистување на дивите депонии.
Акцијата ќе се изведе на Полатски пат, во близина на Фабриката за вода, каде и по неколкуте интервенции на КЈП „Водовод“, несовесните граѓани недозволено исфрлаат отпад и ја загадуваат животната средина.
Акцијата ќе се реализира со почеток од 12 часот и ќе се изведе во соработка со Комуналното јавно претпријатие „Водовод“, а во неа ќе се вклучат и вработените од Центарот за управување со кризи.
Таа е само една од неколкуте планирани акции во наредниот период и е во рамките на борбата за заштита на животната средина.