Кочани, 11.05.2022
Од Градскиот плоштад до Гоцева Шума, тоа е релацијата на која кочанчани во сабота ќе пешачат за свое добро здравје. Мотото на на ова рекреативна, традицонална прошетка во организација на Општина Кочани и извидничкиот одред „Ластовица“ е „Пешачењето е здравје“.
При пешачењето ќе се користи земјената пешачка патека од десната страна на коритото на Кочанска Река. Поаѓањето е во 8 ч. пред општинската зграда.
На локалитетот Гоцева Шума извидниците ќе демонстрираат дел од нивните вештини. Враќањето е по краток одмор од 30-ина минути.
Активноста се реализира согласно Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2022 година и има за цел да ја промовира физичката активност како значаен фактор за добро здравје.