ЛАЗАНСКИ: Македонија е де факто во НАТО
Штип, 20.04.2018
„Русите се целосно неактивни во Македонија, зашто и тие знаат дека иако сеуште не е примена Македонија е сепак де факто веќе во НАТО“.
Ова, во дебатна политичка емисија на хрватската Н1 ТВ во која се говореше и за геополитичките интереси на големите сили на Балканот, вечерва го изјави Мирослав Лазнаски, познат воено-политички аналитичар од Белград.
Зборувајќи за односот на големите сили кон Балканот Лазански рече дека било сосема јасно оти Русија била против влезот на Црна Гора во НАТО и дека во Македонија го поддржувала Груевски.
„Македонија беше интересна за руските планови поради коридорот за транспорт на нафта, поради јужниот коридор. Тој коридор оди од Турција преку Грција па како ќе стигне до Европа ако не преку Македонија“, се запраша Лазански.
Тој го изнесе својот став дека во Македонија „дрма“ албанскиот фактор.
„Во Македонија ништо не може да се договори ако албанските партии не се согласат. А Тиранската платформа беше директна ревизија на Охридскиот договор и беше сосема јасно дека таа ќе доведе до една невралгична состојба која ја дрмаше и сеуште ќе ја дрма Македонија“, смета Лазански.
Според него, во Македонија сите политички партии, и владеачки и опозициски се за влез во НАТО, и Македонија е всушност веќе негова членк.