Свети Николе, 15.11.2018
Денес на МСУ „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе гостувашее проф. д-р Хозе Караско, од Универзитет „Крал Хуан Карлос“ од Мадрид, Шпанија.
Проф. д-р Хозе Караско одржа предавање на тема: „Европскиот систем за финансиска супервизија“.
Хозе Караско е професор на Универзитетот „Крал Хуан Карлос“ на Катедрата за економија во Мадрид, Шпанија. Тој предава на додипломски и последипломски студии предмети од областа на Mакроекономијата, Економија на парични средства, Банкарство и Финански пазари.
Освен студентите на МСУ, на предавањето присуствуваа и ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе.
Проф. д-р Хозе Караско има досегашно предавачко искуство во:
College of Business, Florida Atlantic University (USA)
University of Portsmouth, Portsmouth Business School (UK)
University of Nottingham, School of Economics (USA)
Postdoctoral Scholars Program, Department of Economics at Harvard University
(Cambridge, Massachusetts, USA)