ШТИП: Актива со први испораки за, FedEx, DHL и други светски купувачи

Штип, 15.11.2018

Штипска Актива утре ги испорачува првите колички за транспорт на авионските пратки кои ќе бидат инсталирани на аеродромите во Лондон. Според Иле Николов, директор, се работи за испорака на првите сто од вкупно осумстотини вакви производи кои се испорачуваат преку FAST – GLOBAL, а се договорени со американските светски познати компании FedEx, DHL и други.

Првите сто колички се наменети за Англија, за аеродромите во Лондон а купувач е FedEx.

46381375_2112357065742047_2345999037875879936_nКако што во интервјуто за последен број на Штипски Глас појасни директорот Иле Николов, ова е дел од програмот за американската компанија FAST – GLOBAL. Се работи за програма која опфаќа изработка на опрема за транспорт на брзи пратки и обични патнички торби како и останати делови кои се транспортираат авионски во форма на копички и вагонетки. Овие производи ќе функционираат на голем број аеродроми во светот. За таа потреба во тек на изградба се две хали од по 10.000 метри квадратни.Првата хала е за проширување на производството, а втората за инсталација на нова, најсовремена технологија за антикорозивна заштита на производите на Актива ДОО Штип.

Интересно е што на секој производ пишува „Република Македонија“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе