Народот, уште еднаш, покажа мудрост наспроти лудоста на одредени политичари

Скопје, 29.април 2016

(Исток Прес) – Партијата на обединети пензионери и грагани на Македонија (ПОПГМ), упати јавна благодарност до граганите во земјата, кои, останаа мирни и со висока свест и одговорност за иднината на државата, во моментите кога ситуацијата лесно можеше да кулминира и да излезе од контрола. Само граганите, со мудроста, и цврстата определнеост – на насилството да не одговорат со уште поголемо насилство, спречија да дојде и до мегуетнички судири,после што немаше враќање назад. – Сега е веќе јасно кој стои зад протестите на тн, иницијатива за Заедничка Македонија.Врхушката на ВМРО ДПМНЕ, спасувајќи ја сопствената кожа за сторените злосторства и невиден криминал, во највисокиот законодавен доим-храмот на демократијата, ги инспирираше и ги потикна заблудените подржувачи, да направат крв пир, со јасна намера да убијат неколкумина пратеници – се вели во партиското соопштение.. Од партијата со индигнација и неверување упатуваат најостра осуда до институциите и поединците, кои беа дел од толпата, особено Министерството за внатрешни работи. – Дел од униформираните лица и сдпецијалци, не само што и дозволија на толпата да влезе внатре, туку нескриено ги одобруваа нивните постапки. Полицијата, платена и задолжена да не чува сите – до најобичните смртници, најнапред ги пушти насилниците да тепаат новинари и пратеници, а потоа покажа дека, сепак, ако сака, има сили и средства да ги отстрани, а повредените да ги евакуира!Со тоа покажа чии наредби извршува и во чија заштита се ставила – се додава во соопштението. За среќа, народот уште еднаш победи. Оној народ што остана дома, покажа мир и возврати со трпение! Уште еднаш ја покажа мудроста, пред лудоста на одредени политичари, кои, штитејќи се себе, земјата ја туркаат во пропаст, пред очите на домашната и мегународната јавност, која се солидизира со граганството кое застана на вистинската страна на историјата, подржувајќи ја одлуката на јасно оформеното мнозинство, за деблокада. на Собранието и избор на нов претседател. Со истата мудрост и трпеливост и со поддршката на пријателите од мегународната заедница, ќе продолжиме со следните чекори на избор на нова влада – уверуваат ПОПГМ, која има еден пратеник во Собранието.

(Крај)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе