ЕМИЛ ПАВЛОВ, КАРАТИСТ НА КК „ШТИП“
Емил Павлов , член на КК Штип , заедно со борачот Зоран Шоров, се единствени штипјани кои ги добија националните признанија- спортска државна пензија. Емил Павлов е единствен каратист во Македонија, со вакво признание. Тој, на ЕП во Тампере, Финска, 2014 година, го освои златниот медал,а тоа придонесе да го добие и Националното признание, спортска државна пензија. Емил Павлов освои и трети места на Првите европски ЛОИ во Баку, 2015 и на ЕП во Монпеље.
„Ми недостасува медал и од СП. Голема желба ми е да го освојам. Од 25 до 30 овој месец во Линц, Австрија, се одржува СП. Засега подготовките се одвиваат перфектно. Немам ниту еден проблем. Формата е задоволителна, што ја зголемува мојата самодоверба дека во Линц ќе успеам да стигнам до медал…“- вели секогаш скромниот Емил ПАВЛОВ, кој со многу самооткажувања и тренирање дојде до трофеите. Придонес за тие резултати имаат и браќата Сашко и Жарко Арсовски кои се негови тренери.