Познатиот кардиолог д-р Златко Стојменов отвори специјалистичка ординација и во Струмица

Штип, 05.03.2023

По 27 години успешна работа во областа на интерната медицина и кардиологијата во Штип и Виница, од денеска првата приватна специјалистичка ординација Кардио Стојменов е на чекор поблиску до струмичани.

На улица „Младинска“ веднаш спроти ТЦ Мавровка, Кардио Стојменов ги отвори своите врати за пациентите од Струмица и регионот. Оваа специјалистичка ординација со 27-годишна традиција ќе се погрижи за сите ваши кардиолошки здравствени проблеми, а како услуги нудат:

Лекарски кардиолошки преглед

Холтер

Ехо на срце

Кардиографија

Коронарен стрес тест

Доплер

Кардио Стојменов е првата приватна специјалистичка ординација со тројца кардиолози, професионалци во своето поле на дејствување. Доктор Златко Стојменов е специјалист од првата генерација на кардиолози во земјата, кој повеќе од 27 години работи со срце за секој свој пациент. По повод отворањето на новата ординација во Струмица, Кардио Стојменов ви нуди промотивен пакет услуги: кардиолошки преглед + ехо на срце + коронарен стрес тест + колор доплер на каротидни артерии, по цена од само 3.000 денари.

Закажете го својот термин за преглед на 034 322 833, секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот и проверете зошто Кардио Стојменов се различни и единствени, професионалци кои го спојуваат долгогодишното искуство со модерните трендови! 27 години со срце, објавi денес Струмицанет.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе