Пробиштипјани влегоа во ТАБ МАК и видоа како се произведуваат акумулатори

Пробиштип, 12.12.2018

Во 2012 година словенската компанија ТАБ од Межице ја презеде пробиштипската фабрика за акумулатори. Во првата година фабриката оствари производство под 300.000 стартер акумулатори, а во фабриката имаше 168 вработени. Годинава ТАБ МАК ја завршува со производство на 1,3 милиони стартер батерии (акумулатори) и уште 300.000 тракциски ќелии, односно акумулатори за виљушкари чие производство започна во 2014 година. Бројот на вработените е зголемен за 252 лица и денес изнесува 420 вработени.

Неодамна фабриката ширум ги отвори своите фабрички порти за граѓаните од Пробиштип.

ТАБ МАК МЛАДИ ВО ПОСЕТА-Намерата ни беше преку „Ден на отворени врати“ пробиштипјани од сите возрасти да можат да ја видат фабриката, наши луѓе да им го презентираат производствениот процес, технологијата, да им раскажеме на кој начин се грижиме за животната средина. Да се види дека ништо не криеме. Фабриката ја посетија над 400 лица меѓу кои ученици од последната година во основното образование, средношколци, пензионери, лица од семејства на наши вработени. Нивниот интерес беше восхитувачки, младите искажаа посебна љубопитност што и нам ни донесе многу задоволство, вели Петар Коцен.

И додека многу компании од регионот се жалат на недостиг од работници ТАБ МАК таков проблем нема. Во фабриката се посветени на производството, на квантитетот и квалитетот, зашто за идната година планираат производство од над 1,5 милон стартер батерии. Просечната фабрика на ниво на фабрика е на нивото на републичкиот просек.

Дури 97 од производите на ТАБ МАК се пласираат на странскиот, главно европски пазар. На домашниот пазар се продаваат само три проценти од произведеното. Бидејќи побарувачката е се поголема, за идната година е планирано за 200.000 поголемо производство на стартер акумулатори.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе