Кочани, 24.07.2018
Секој град си има улици а неговите улици си имаат голем број дупки во кои удараат возилата па возачите ги крстиле „ударни дупки“. Исклучок од тоа наше правило не е ни Кочани, но градското водство направи добра работа зафаќајќи се со решавање на проблемот кој ниту е мал ниту е наивен.
Имено, кочанската градежна механизација денови со полна пареа работи на пополнување на ударните дупки на улиците во градот и населените места.
–Досега се извршени корекции на асфалтните дефекти на улиците „Ѓорче Петров“ и „Бел камен“. Следуваат работите на „Страшо Ербапче“, „1 Мај“, „9 Мај“, „Боро Ловџија“ потоа во населбите Усова Чешма и Лесна индустрија, за што ќе бидат наменети 400.000 денари од Буџетот на Општина Кочани, информира Влатко Димитров од Секторот за уредување на градежното земјиште.
Паралелно со овие активности, ќе се врши и бетонирање на пристапните улици, а деновиве ќе се асфалтираат и улиците во селата Мојанци, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог и Тркање.